skip to Main Content

Филипче и Грозданова во Студио 1: Ќе се заштитиме со вакцини или ќе доживееме масовна епидемија?

Филипче и Грозданова во Студио 1: Ќе се заштитиме со вакцини или ќе доживееме масовна епидемија?
  • 03.01.2019

Епидемијата на морбили во Скопје придонесе денеска во голем број скопски општини да се врши вакцинација, за која постои поделено мислење во јавноста.  Постои страв од вакцинација за морбили, а на оваа тема гости во последниот дел од Отвореното Студио 1 беа министерот за здравство Венко Филипче и Александра Гроздановска, национален координатор за имунизација.

„Антивакциналните кампањи почнаа пред 10 години кога се публикуваше труд во кој имаше релација меѓу малите сипанци и аутизмот. Потоа испадна дека се лажни, но бељата веќе беше направена. Почнаа силните кампањи кои пред се се темелат со тоа што оваа вакцина се поврзува со аутизам. Потоа се направија голем број студии и сите докажаа дека нема никаква поврзаност меѓу аутизамот и оваа вакцина. За жал овие кампањи се многу изразени кај нас и во европски земји. Не смееме да дозволиме, имаме серозна одговорност да не ги вратиме болестите кои се искоренети и кои може да се превенираат со вакцина“, рече Филипче.

„Кога има период на епидемија постои можност за кривична одговорност до родителите доколку не се придружуваат до препораките кои ги даваме, а се загрозува јавното здравје. Мора луѓето да сфатат дека ова е ситуација која може многу лесно да ескалира, можат да се јават исклучително многу заболени. Следниот период од 2 недели кога завршува инкубацијата на последните примени деца, ќе биде знак дека нема нови заболени и ќе прогласиме дека нема повеќе епидемија. Потоа ќе продолжиме со кампања за подигање свест кај јавноста дека вакцините не се штетни и каква заштита нудат“, додаде Филипче.

Социјалните мрежи и недоволната информираност во последните неколку години придонесоа да опадне стапката на вакцинација на децата, особено до третата година од животот.

„Бројките покажуваат дека вакцинација најмалку е спроведена во Центар, Карпош и Аеродром, за разлика од тоа пред 5 год имавме проблем во руралните средини. Социјалните промени и едукацијата на родителите од непроверени информации, особено од социјалните мрежи доведоа до тоа родителите да влезат во заблуда на кого да веруваат. И ние како здравствени работници треба да поведеме одговорност и ова што го гледаме сега е резултат од повеќе фактори. Научната шпекулација продре длабоко, а тој научник ја изгуби лиценцата и оттогаш се заостриуја критериумите за студии. Само еден податок вакцинираме повеќе од 5 или 6 децении, самата по себе ја покажа својата ефикасност, а стапката на аутизам најверојатно се должи на други промени“, објасни Грозданова.

Колку трае процесот на вакцинација, дали постои поврзаност со аутизмот, спроведени студии и можноста од задолжителна вакцинација на децата за одење во градинка и училиште, како и слични прашања поврзани со оваа актуелна тема, погледнете ги во видеото од Отвореното Студио 1 каде и гледачите имаа можност да поставуваат прашања.

Back To Top