skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Алтернатива е новото име на партијата на Африм Гаши – Беса останува на Касами
Могерини: ЕУ ќе го поздрави историскиот успех на Скопје и Атина
Бугарија в среда ќе го ратификува Протоколот за НАТО
Северна Македонија денеска на агендата на министрите за надворешни на ЕУ
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ

Филипов во Централниот дневник на 1ТВ: Сакам со пример да покажам како претставник на народот треба да делува на обединување

Филипов во Централниот дневник на 1ТВ: Сакам со пример да покажам како претставник на народот треба да делува на обединување
  • 11.02.2019

Во Централниот дневник на 1ТВ гостин беше поранешниот амбасадор Ѓорѓи Филипов, кој прв се јави на партискиот оглас за кандидат на СДСМ за претседателските избори. Тој смета дека би бил добар консензуален претседател, иако тој термин, како што вели, се уште не е јасно дефиниран.

-Можеби ќе звучи премногу лично, но мојата цел е со личен пример да покажам како треба еден претставник на народот да делува на смирување, нормализација, на можност за ревитализација и европеизација на земјата во која живее и да направам се што е до мене да го следам тој принцип на некои политичари од држави од Европа, кои велат „направете вие се што можете за државата, па таа ќе ви врати“. Јас сакам да направам се што можам, мислам дека можам уште и се пријавив на конкурсот, иако е долга трка, вели Филипов.

Според него, некои од кандидатите за претседател може да му дадат надеж на целото население дека нешто може да се поправи, дека земјата може да се нормализира, а вели дека тој има визија, стратегија и план, со собирање искуства и од други држави.

-Сите треба да делуваме со една цел. Треба да ја најдеме целта кон која ќе ги насочиме сите. Флоскулата дека сите сакаме во НАТО и ЕУ не е доволна, затоа што не додефиниравме точно како сакаме сите во НАТО и во ЕУ. Не може да се сака некаде да се пристигне, а за тоа да не се прави ништо, изјави Филипов.

Тој вели дека избрал да биде кандидат на СДСМ, а не на ВМРО-ДПМНЕ, вели дека во последно време ВМРО-ДПМНЕ немало јасна претстава што сака, односно дека сака во НАТО и во ЕУ, но не и визија како да се направи тоа.

-Дури и најавата на претседателот на партијата дека ако дојде на власт ќе подобри и ќе смени нешто, тоа не соодветствува со реалноста. Јас сум политички определен, но не и партиски и сметам дека таа позиција што во моментов ја зазема СДСМ дека сме едно општество кое треба да си го најде вистински своето место е пореална, објаснува Филипов.

Тој вели дека кога би го избрале за кандидат, би работел на смирување во целото општество, колку и да изгледа тоа идеалистички.

Филипов беше амбасадор на Македонија во Берлин, Виена, Јапонија и Словачка. Конечната одлука кој ќе биде кандидатот за претседател на владејачката СДСМ, партијата ќе ја донесе на конгресот на 3 март.

Целиот разговор со Филипов можете да го погледнете во Централниот дневник на 1ТВ

1tv.mk: Преземањето на авторски содржини обајавени на оваа страница е дозволено само делумно (маx. до 30 насто од содржината) и со ставање хиперлинк до содржината којашто се цитира. Непридржувањето до ова правило ќе значи крадење на информациите и соодветно ќе се санкционира од страна на BMJ Мedia Group, согласно позитивните законски норми.

Back To Top