skip to Main Content

Фетаи: И еден денар да е во прашање, пак е нанесена штета на буџетот

Фетаи: И еден денар да е во прашање, пак е нанесена штета на буџетот
  • 18.12.2018

Трошоците за прегласувањето на едно избирачко место во Струмица на локалните избори во 2013 година, според одбраната биле помали. Наместо повеќе од 140.000 денари како што пишува во обвинението на СЈО за „Титаник 2“, техничкиот сведок по документите од ДИК, пресметал дека трошоците биле околу 30.000 денари, објаснувајќи колку пари се трошеле од државната каса. На зборовите на сведокот, обвинителката на СЈО Фатиме Фетаи на одбраната и порача:

„И еден денар да е во прашање, пак е нанесена штета на буџетот на Република Македонија“, реагираше обвинителката на СЈО, Фатиме Фетаи.

За Бедраими постапката е контрадикторна.

„За жал, цело време на неколку рочишта барам да се изведат одредени докази, особено, доказот за прием на документацијата. Предметот и материјалите од Основно јавно обвинителство во СЈО. Доказот не сум го видел, записникот за примопредавање од СЈО, не е доставен до суд и до мене“, изјави поранешниот член на државната изборна комисија Бедредин Ибраими, кој е обвинет во случајот „Титаник 2“.

Судењето „Титаник 2“ за местење резултати од локалните избори во 2013 продолжува на 24 декември, кога ќе се слушаат осум прислушувани разговори. Обвинети се поранешните членови на ДИК, Бедредин Ибраими, Сашо Срцев, Анета Стефановска и Влатко Сајковски, но и лидерот на ДПА Мендух Тачи и поранешниот шеф на тајната полиција Сашо Мијалков, дека се договарале за гласање за поднесени приговори во ДИК.

Игор Стефановски

Back To Top