skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Беља и Демири осудени на 19 години затвор за убиството на Саздо
Двајцата претседателски кандидати очекуваат победа во вториот круг
Евакуирана Операта во Сиднеј поради истекување на гас
Ден на национална жалост во Шри Ланка
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV

Утре Шекеринска првпат ќе седне на столчето на НАТО – линк во Централниот дневник на 1ТВ

Утре Шекеринска првпат ќе седне на столчето на НАТО – линк во Централниот дневник на 1ТВ
  • 12.02.2019

Во Централниот дневник на 1ТВ линковски од Брисел се јави уредникот Сашо Ордановски, кој известува што се очекува таму утре со првото седнување на вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска на столчето на НАТО.

Како што вели, Република Северна Македонија е ѕвезда на настанот и колеги странски новинари бараат изјави дури и од екипата на 1ТВ.

-Столтенберг, со посебно избрани зборови, уште во најавата го поздрави настанот што треба да се случи утре. Тој ќе ја дочека Шекеринска во 11 часот пред самата зграда и ќе ја внесе во салата каде што ќе се одржуваат средбите на Советот на НАТО, највисокото тело на Алијансата, пренесува Ордановски.

Како што додава, Советот на НАТО се состанува два пати во годината на ниво на министри за одбрана и два пати на ниво на министри за надворешни работи, а на неколку години и на ниво на претседатели на држави или влади.

На овие средби се дебатира за клучната политика на НАТО, но не само во стратегиска, туку и во оперативна смисла.

-На овој состанок, фокусот на дебатата сепак ќе биде односот кон Русија и кршењето на Москва на меѓународниот договор за ракети со среден дострел кои можат да носат и нуклеарни боеви глави. Денеска најголем дел од целата подготовка беше околу тој тип на разговори, вели Ордановски и додава дека станало збор и за мисиите на НАТО во Ирак, Авганистан и на Косово.

Целиот дневник можете да го погледнете во видеото.

1tv.mk: Преземањето на авторски содржини обајавени на оваа страница е дозволено само делумно (маx. до 30 насто од содржината) и со ставање хиперлинк до содржината којашто се цитира. Непридржувањето до ова правило ќе значи крадење на информациите и соодветно ќе се санкционира од страна на BMJ Мedia Group, согласно позитивните законски норми.

Back To Top