skip to Main Content

Успева ли да се справи град Скопје со снежните наноси – тема во Студио 1

Успева ли да се справи град Скопје со снежните наноси – тема во Студио 1
  • 10.01.2019

Денешното издание на Отворенио Студио 1 новинарите Кристина Атовска и Христијан Баневски го започнаа со потсетување на вчерашните разговори со директорката на УЈП Сања Лукаревски и генералниот секретар на БЕСА, Аријанит Хоџа како и Елми Азири од Алијансата на Албанците.

Во продолжение во овој блок гостин во Отвореното Студио 1 беше и Ваљон Салиу, портпарол на град Скопје со кого разговаравме за тоа како град Скопје се справува со најновиот студен бран односно врнежите од снег.

Според него градската механизација и сите претпријатија надлежни за расчистување на снегот се на терен и засилено работат.

Околу зачестените тужби до Град Скопје за повреди на луѓе кои ги здобиле по скопските улици, Салиу со одговор:

„Надлежност на град Скопје не е секоја улица, туку главните улици и тротоарите на главните улици, така што не секоја тужба е основана“, изјави Салиу.

Целиот разговор со Салиу погледнете го во видеото:

Back To Top