skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Јанева со полициска придружба замина за Гевгелија
Законски нејаснотии кој ќе управува со СЈО по приведувањето на Јанева
Судењето за „Монструм“ одложено за 5 септември
Се запали автубус на ЈСП во Ѓоче Петров
Косовското Собрание се самораспушти, се очекува датумот за избори
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV

Унковски: Договорот е исчекор за обете страни, ние ја гледаме само нашата

Унковски: Договорот е исчекор за обете страни, ние ја гледаме само нашата
  • 17.06.2018

Ние не можеме да видиме оттука колку е ова важно за двете страни затоа што ние си ја гледаме нашата. Ова што се случува, начинот и договорот е огромен исчекор за обете страни иако за нас можеби тоа во моментов е малку трауматично бидејќи менуваме име, смета театарскиот режисер Слободан Унковски.

-Не можам да ви кажам колкав исчекор е тоа и за другата страна, не е толку едноставно, дека ние губиме се и дека тие добиваат се. Тоа е премногу едноставно гледиште. Напротив, мислам дека Македонија конечно седи на маса и потпишува договор како своја земја. Порано други донесувале договори во нејзино име, ја спомнувале како територија, ја делеле. Овде ние решаваме со сите ризици, вели Унковски.

Композиторот Златко Ориѓански вели дека во рамките на групата „Анастасија“ има одржано повеќе концерти во Грција отколку во Македонија и сите нивни албуми биле објавени во Грција и ниеден во Македонија. Тој очекува соработката со Грција во културата да не остане само на хартија, туку нашите уметници да се наметнат преку некоја своја вредност.

-Голем дел од нашиве луѓе не се свесни дека изминативе 11 години се случи разбивање на т.н. македонско јадро. Тоа се подели на неколку делови и за тоа не е виновна Грција, туку претходните власти. Сега прашањето е – покрај договорот со Грција и сите драматични работи што се случуваат во моментов од сите страни – како ние како држава, нација и граѓани да се обединиме околу целото ова и да сфатиме дека ова е нашиот историски излез, вели Ориѓански.

Back To Top