skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Обвинителството го стави под лупа бегството на Груевски
1ТВ ја презеде медиумската лидерска позиција
Европските Зелени го обвинуваат Орбан дека се обидува да предизвика конфликт
Заев: Груевски е кукавица, категорично ги отфрлам сите шпекулации за каков било политички договор со него
Груевски илегално влегол во Албанија, а со пасош излегол на границата со Црна Гора
Иванов одбива каква било инволвираност во врска со донесената судска одлука за Јанакиески
Заев-Борисов: Нашите две земји се пример за новата реалност на Балканот
1ТВ достапна на Тотал ТВ
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK

УБК ги следи активностите на странски милитанти во Македонија – потврди МВР (ВИДЕО)

УБК ги следи активностите на странски милитанти во Македонија – потврди МВР (ВИДЕО)
  • 08.11.2018

Управата за безбедност и контраразузнавање ги следи активностите на странски милитантни групи присутни во земјава. Во одговор на нашите прашања, од министерството за внатрешни работи не можеа да откријат детали за милитантот Андреј Родионов, но потврдуваат дека ги истражуваат таквите активности.

„Сите екстремни, радикални и особено активности поврзани со странски милитанти се во надлежност на Управата за безбедност и контраразузнавање. УБК спроведува активности на територија на Република Македонија и за нив редовно испраќа информации до надлежните институции. Согласно законот и заради заштита на ресурсите, не се споделуваат детали за актуелните активности на службата“.

Ваков одговор добивме од полицијата на прашањата за здружението РУСОВ и неговиот лидер Андреј Родионов – проруски милитант, учесник во борбите на Крим, а кој честопати престојува во Македонија. Последен пат бил кон крајот на септември кога и се фотографирал со тотемите на словенски божества поставени на Водно.

За неговите активности во земјава, веќе недела дена не одговараат руските дипломатски претставништва. Во меѓувреме пак, тој самиот реагираше откако 1ТВ ја објави сторијата за проруски милитанти и нивните активности во Македонија, но не одговори на нашите директни прашања.

„И овој црн пи- ар е пи- ар преку кој Македонците научија за нас, а веќе многумина и ме контактираа. Штом непријателот сака да ги оцрни нашите дела, знаеме дека сме на вистинскиот пат. Славјани, не заборавајте, сојузот со Русија и нејзиниот народ е сојуз со Бог и вечен живот“ – напиша тој.

На нашите повици и пораки не одговори ниту едно од лицата со кои тој се среќавал во Македонија и заговарал словенско национално единство под руско крило. Со нашата екипа единствено прифатија да контактираат две лица од Скопје, кои со него се поврзале преку нивните религиозни убедувања.

„Андреј беше одличен предлог за пријател од ФБ кој јавно го промовираше своето движење за обединување на словенските народи под руско крило, а истовремено тоа го правеше во една паганска смисла. Целта на движењето не е тајна, можеш едноставно да го прочиташ маннифестот онлајн. Но, со време сфатив дека голем дел од „паганските“ здруженија низ источна Европа, особено во Русија, се сплотени со некакви политички цели, што воопшто не ми делуваше привлечно“.

Дека активностите се општествено- политички, а не религиозни, потврдува и самиот Родионов, кој освен во Македонија, честопати престојува и во соседна Србија.
Родоверството, од друга страна како нео- паганско верување, организирано делува во Русија, Полска, Украина и Бугарија, а неговите корени според одредени истражувања водат до советските власти, кои во 50-те години од минатиот век финансирале обновување на славјанската култура како дел од анти- религиозната кампања. Ниту во денешно време, ова верување не е имуно на злоупотреби. Негови следбеници се регистрирани како цел батаљон помеѓу вооружените сили на т.н. Новорусија.

Христијан Баневски

1tv.mk: Преземањето на авторски содржини обајавени на оваа страница е дозволено само делумно (маx. до 30 насто од содржината) и со ставање хиперлинк до содржината којашто се цитира. Непридржувањето до ова правило ќе значи крадење на информациите и соодветно ќе се санкционира од страна на BMJ Мedia Group, согласно позитивните законски норми.

Back To Top