skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Бутарис: Заслужуваат пофалба обидите на двете земји за изнаоѓање решение за името
Обвинителството ги доби наодите од обдукцијата на пејачот Влатко Илиевски
Димитров од Приштина: Ајде да најдеме решение, за работата да не отиде во лош правец
Некои општини би презеле споменици од „Скопје 2014“, проблем е што се незаконски поставени
Сеад Кочан за „Труст“ доби затвор 6 години и забрана за вршење професија 3 години
BMJ Media Group ви најавува: Концерт на Марија Шерифовиќ на 3-ти август во Охрид!
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ ЌЕ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; NEOTEL

Уапсен градоначалникот на Ново Село и уште четворица други за шверц на цигари

Уапсен градоначалникот на Ново Село и уште четворица други за шверц на цигари
  • 11.07.2018

Во полициска акција, уапсени се градоначалникот на општина Ново Село, Боро Стојчев и членови на неговото семејство. Кутии полни со штеки цигари биле пронајдени во автомобилите кои тие ги управувале.

Биле фатени на дело, а возачот на второто возило се обидел да побегне, но предупредувачките истрели од полицијата го спречиле бегството. Двете возила биле следени од мотор управуван од уште еден осомничен.

„Во близина на с. Баделен општина Ново Село, запрени се две моторни возила натоварени со картонски кутии со цигари. Во едното возило имало 29 кутии со по 50 штеки и една кутија со 49 штеки цигари. Во другото возило биле натоварени 35 штеки цигари, една кутија со 49 штеки цигари и една штека со девет кутии. При преземање на мерки во обид за бегство на второто возило, од страна на полициски службеници биле испукани два предупредувачки куршуми. Извршен е увид во присуство на Јавен обвинител. Лицата се лишени од слобода и задржани во СВР Струмица, а пронајдените кутии со цигари се одземени“.

Од МВР информираат дека и понатаму се преземаат дејствија за целосно расветлување на случајот. Боро Стојчев доаѓа од редовите на СДСМ, а на градоначалничката функција седна во октомври лани. Во неговиот анкетен лист пријавил дека поседува само наследено земјиште и автомобил на лизинг, а целокупниот недвижен имот, три автомобили, како и пчели и крави се на име на неговата сопруга, децата или неговите родители.

Кристина Атовска

1tv.mk: Преземањето на авторски содржини обајавени на оваа страница е дозволено само делумно (маx. до 30 насто од содржината) и со ставање хиперлинк до содржината којашто се цитира. Непридржувањето до ова правило ќе значи крадење на информациите и соодветно ќе се санкционира од страна на BMJ Мedia Group, согласно позитивните законски норми.

Back To Top