skip to Main Content

Трпеноски во Централниот Дневник на 1ТВ: Ќе ги „чешламе“ сметките на кандидатите и партиите

Трпеноски во Централниот Дневник на 1ТВ: Ќе ги „чешламе“ сметките на кандидатите и партиите
  • 27.03.2019

Гостин во Дневникот на 1ТВ беше Горан Трпеноски од ДКСК, а телефонски разговор беше остварен и со народниот правобранител, Иџет Мемети

Какви се очекувањата на јавноста за новата Антикорупциска?

„Очекувањата на јавноста се преголеми. За почеток не е лошо. Како тим полека се екипираме, бидејќи година дена немаше Антикорупциска. Имаме проблем со просторот. Доволно предмети отворивме. Не правиме селекција на крупна или ситна корупција, иако има замерки. Предноста наша е што ние сме еден од условите за датум за преговори“, рече Трпеноски, кој потоа се осврна за новиот извештај од Стејт Департментот.

„Овие судии беа многу експонирани и влегоа во извештајот на Стејт Департментот. Тие се по различни основи влезени во извештајот. Ние ќе ја проверуваме само имотната состојба. Имаме план и програма за работа, мора да донесеме акциона програма за сите испитувања. Нема да има селективност. Комисијата е отворена. Може секој да дојде и да праша“.

Трепноски исто така кажа до каде се со случаите за непотизам, но и подготовките за претседателските избори

„Се работат тие случаи, имаме побарано дополнителни информации. Наредната недела за поголемиот дел од нив ќе има комплетирање на документацијата. Ќе се утврди дали имало влијание, ако не било предвидено работно место според годишна програма. Кога ќе се земат сите работи во предвид, се утврдува влијанието. Следно се претседателските избори, ќе ги чешламе сметките на кандидатите и партиите. И за кампањата и за финансирањето“.

Во текот на Дневникот остваривме и телефонски разговор со народниот правобранител, Иџет Мемети.

Што е проблемот со социјалните центри што не можат да профункционираат?

„По однос на вашето прашање имаме неколку такви случаи. Појавата е загрижувачка, а се должи на следното. Државата не издвоува финансиски средства за граѓаните да се посигурни, однодно да не се на социјален ризик. Износот на средствата во буџетот за социјални потреби е нереален“, рече Мемети.

Прекршување на полициски овластувања и недолично однесување на полицајците. Има ли промена на нивниот однос или и понатаму ги пречекоруваат овпастувањата?

„Не можеме да констатираме дека има видлив напредоок во остварување на човековите права, има само благ пораст. Добро е што е намален бројот на констатирани повреди“, кажа Мемети, кој додаде дека пред се локалните власти ги одбиваат препораките, а зад нив се државните институции, особено Министерството за финансии.

Целиот Дневник може да го погледнете во видеото.

Back To Top