skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Хан ја повика ЕУ да отвори преговори со Северна Македонија во најбрз можен рок
Могерини: Се надевам на позитивна одлука за преговори со Северна Македонија и Албанија
Рама: Пендаровски е претседател со кој треба да се гордееш, Мета не тера да се чувствуваме засрамено
Од денеска нови регистарски таблички со NMK
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV

Трет ден од „Сергеј-Манијата“: Се продадоа маичките со хаштаг #ќемипукнедушата (ВИДЕО)

Трет ден од „Сергеј-Манијата“: Се продадоа маичките со хаштаг #ќемипукнедушата (ВИДЕО)
  • 18.11.2018

Лудило во „Скопје Сити Мол“.

Последната информација што доаѓа од терен до нашата редакција, вели дека маичката со хаштаг #ќемипукнедушата е веќе распродадена.

Со тоа се докажува дека големиот интерес постои и за третиот ден од „Сергеј-Манијата“ каде многу обожаватели беа присутни за да се фотографираат и да постават неколку прашања до модниот критичар.

Вечерва друштво на Сергеј му правеше пејачката Тамара Тодевска заедно со ќерката Хана и сопругот Мачка.

Она што беше најавено од Сергеј Варошлија како изненадување е дека следната средба со него ќе биде наредниот петок, односно на „црниот петок“ (“Black Friday”) за време на вистинскиот шопинг-маратон на огромни попусти во „Скопје Сити Мол“.

Имено, „Сергеј-Манијата“ започна од петокот со штанд на 1ТВ на вториот кат од трговскиот центар, каде маички со познатите зборови како што се: „#манекенкадабудем“, #квазистарлета“, #ќемипукнедушата“, „#хопхоп“ и уште неколку други прептпознатливи фрази на Варошлија беа достапни за секого од вас.

Секој што сака да си купи маичка со омилениот хаштаг ќе може тоа да го стори до вечерва се до 22 часот.

Погледнете како изгледаше третиот ден од „Сергеј-Манијата“:

 

Back To Top