skip to Main Content

Тргна ли венецуелската криза по сириско сценарио – анализа во Студио 1

Тргна ли венецуелската криза по сириско сценарио – анализа во Студио 1
  • 25.02.2019

Во отвореното Студио 1, новинарите Јана Јосифоска и Влатко Чаловски, со колегата Дејан Андоновиќ ги анализираат настаните што го обележаа светот денеска. Особено тензично е во Венецуела, каде што по викенд на насилства и околу 12 загинати опозициски активисти, најжестоката реакција беше на американскиот сенатор Марко Рубио, кој објави слики на кои го споредува венецуелскиот претседател Николас Мадуро со поранешниот либиски лидер Муамер Гадафи, порачувајжи му дека ќе заврши како него.

Како што објаснува, не само твитер заедницата каде што беше објавена заканата, туку и целиот цивилизиран свет и американската јавност го осудија тоа прејудицирање со сликата од линчувањето на поранешниот диктатор или претседател на Либија. Во меѓувреме, се уште трае жестокиот судир меѓу антивладините демонстранти со венецуелските сили на границата со Колумбија и на границата со Бразил од каде што се очекува да влезе хуманитарната помош.

-Руската разузнавачка служба и доставила на Венецуела податоци дека токму од Бразил и од Колумбија би требало да влезе огромна пратка на оружје, која исто како во сириското сценарио, би била искористена да се вооружи се уште актуелната опозиција, предводена од самопрогласениот Гуаидо и така би се уривал тамошниот актуелен режим. Најстрашен е фактот дека за само три дена има над 10 мртви и голем број повредени, анализира Андоновиќ.

Целата анализа можете да ја погледнете во видеото.

Back To Top