skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
1ТВ: ММА манипулира дека Основен суд – Скопје 2 и досудил оштета на 1ТВ
Могерини: Северна Македонија и Албанија во јуни треба да ги почнат преговорите со ЕУ
Репортери без граници: Северна Македонија останува на 95-то место според индексот за слобода на медиумите
Неформален состанок на генералните секретари за европски прашања на Грција и Северна Македонија
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ

Тензии меѓу Норвешка и Русија, двете страни трупаат војска на границата – анализа во Студио 1

Тензии меѓу Норвешка и Русија, двете страни трупаат војска на границата – анализа во Студио 1
  • 08.02.2019

Русија ја обвини Норвешка дека му овозможува на НАТО да го засили военото присуство на Арктикот, и водите и на копнениот дел, во близина на руската граница. Како што анализира новинарот Дејан Андоновиќ, Москва ја обвинува Алијансата преку Осло, затоа што станува збор за норвешката воена база Тромсо, каде што според руски разузнавачки информации, се направени приспособувања за влез на нуклеарни подморници.

-Норвешка не е голема земја, има 4 милиони жители, но доколку дојде до конфронтација во тој дел, напад на членка на НАТО значи војна со сите земји членки. Се чини дека Алијансата ја затвора Русија постепено од сите страни, на Блискиот исток се обидоа да се приближат преку Иран, преку Јапонија, Полска, Романија и Балтичките држави. Оваа реакција на Москва е дополнително нервозна бидејќи забележува дека се отвора уште една жешка точка, а тоа е границата со Норвешка во Арктичкиот круг, од каде што и во Втората светска војна, нацистичка Германија ја напаѓала Русија, анализира Андоновиќ.

Како што додава, Москва се заканува со контрамерки, односно дека и Русија ќе почне да трупа воени сили, што не е добро за глобалната слика.

Целата анализа можете да ја погледнете во видеото.

1tv.mk: Преземањето на авторски содржини обајавени на оваа страница е дозволено само делумно (маx. до 30 насто од содржината) и со ставање хиперлинк до содржината којашто се цитира. Непридржувањето до ова правило ќе значи крадење на информациите и соодветно ќе се санкционира од страна на BMJ Мedia Group, согласно позитивните законски норми.

Back To Top