skip to Main Content

Тема: Гоце Делчев различно димензиониран од македонската и бугарската комисија

Тема: Гоце Делчев различно димензиониран од македонската и бугарската комисија
  • 21.06.2019

Деновиве актуелно е прашањето за тоа дали Гоце Делчев е Македонец или Бугарин и токму на оваа тема гостин во Студио 1 беше историчарот Ванчо Георгиев, кој смета дека целиот скандал е тенденциозен.

„Во старт се судривме и соочивме со скандал. Станува збор за работен документ, предлог од македонскиот дел од комисијата за чествувањето на Делчев. Станува збор за крајно непрофесионален и неодговорен однос од колегите од другата страна штом документот се изнесува надвор до политички партии. Ова не било од незнаење, туку тенденциозно за да се побара помош од политиката“, рече Георгиев, кој дополни дека ова е само фрлање димна бомба за да се прикријат други нешта и да се скандализираат другите суштински прашања.

„По убиството на Делчев човекот кој ја предводи единицата, соученик на Делчев издава наредба неговото тело да се пренесе во Серез за да се изврши идентификација, но потоа стигнува наредба убиените да се погребат во селото каде загинале. Делчев е погребан во Баница 1903 година. Еден од учесниците во битката во 1906 година знаејќи каде е погребан и кој е неговиот придонес, се погрижил моштите да ги смести во олтарот во црквата во селото Баница“, вели Георгиев, кој во разговор со уредничката Јадранка Костова детално објаснува каде и кој ги преместувал моштите на Делчев, неговата декларација за тоа дали е Македонец или Бугарин, како и прашањата кои треба да ги решаваат македонската и бугарска комисија.

Целиот разговор погледнете го во видеото.

Back To Top