skip to Main Content

Тема во „Правда и неправда“: Може ли поединец сам да се избори за правдата и вистината

Тема во „Правда и неправда“: Може ли поединец сам да се избори за правдата и вистината
  • 18.06.2019

Од член на Комисијата за претставки на претседателот Глигоров, до осуда од шест ипол години затвор за продажба на артефакти. Гостин во „Правда и неправда“ на Гордана Дувњак беше Али Касум осуден во случајот „Фаланга 2“ , кој тврди дека е жртва на монтиран судски процес од МВР и повеќе од три години бара обновување на судскиот процес за да ја докаже својата вистина.

Во 2013 година Касум беше четврто обвинет во случајот што го отвори Обвинителството за организиран криминал и корупција и заедно со 15 други обвинети беше дел од случајот „Фаланга 2“, кои се товареа за нелегално ископување и препордажба на артефакти. Една година подоцна кривичниот суд ги прогласи за виновни сите инволвирани, а Касум доби 6 ипол години затворска казна. Во ноември 2015 казните беа потврдени од Aпелациониот суд, во јануари 2016 година поднесе барање за заштита на законитоста пред Врховниот суд и сѐ уште ја чека одлуката.

-Никогаш во животот не сум видел ниту продавал артефакти. Година дена пред да бидам уапсен, полицаец од Неготивно ми рече дека слушнал луѓе на Мијалков дека се договориле како да ме наместат. Ми рече опасно е пази се, ќе ти се јавам од дома. Му реков кажи ми едно име Мијалков, Груевски, Јанкуловска или Тодоровски? – рече сите. Го прашав човекот зошто и ми рече затоа што не можеа да те скршат и да те купат, не можеа фармата на газдата да му ја земат, до Врховен стигнавме за Тиквеш за неколку милиони евра вредна зделка, раскажува Касум.

Целиот разговор можете да го погледнете во видеото.

Back To Top