skip to Main Content

Тема во „Печат на неделата“: Македонија и ЕУ – Извештајот или врз него!

Тема во „Печат на неделата“: Македонија и ЕУ – Извештајот или врз него!
  • 29.05.2019

Гости во емисијата „Печат на неделата“ со уредникот Сашо Ордановски беа советникот на премиерот Заев, Бојан Маричиќ и Слободанка Јовановска главен уредник на Независен весник,  кои дискутираа за извештајот од Европската комисија.

По речиси две години напорна работа, Македонија доби позитивен извештај од Европската комисија. За Маричиќ тоа е кристално јасна порака за што поскоро да се почне со преговори.

„Ова е круна на напорите. Овој извештај е најпозитивниот во последните 10 години. Имаме кристално јасна препорака без дополнителни услови. Хан не нарече блескав пример за сите држави во регионот, исто и Могерини. Донесоа одлука за почеток на преговорите веднаш. Денеска завршивме со една идилична слика кај Пендаровски во присуство на целиот државен врз, имаше убава дискусија и врз основа на тоа се испрати порака дека сите стојат зад агендата Македнија час поскоро да ги почне преговорите и да чекаме топката да ја префрлиме на европско ниво каде треба да се донесе одлуката“.

Според Јовановска убаво е да се слушне дека нашата држава е пример во регионот, но дека поради лошото искуство во минатото, повеќе не се радуваме на препораките на ЕУ.

„Убаво беше да се слушне убав извештај за Макеоднија. Убаво е да се слушне дека Македонија е најдобра во регионот и дека сме го заслужиле извештајот. Лично знаеме дека голем дел од оценките се реални.. Имаме лошо искуство, веќе не се радуваме на препораките на ЕУ, без оглед што мислам дека ова е најсилна препорака која би била ризик да ја одбијат. Ние имаме силен случај на маса и би требало Макеодонија навистина да добие преговори овој пат“, рече Јовановска која истакна дека се уште постои доволно време за лобирање.

Како и Македонија и Албанија очекува да добие зелено светло за почеток на преговори, но одењето во пакет може да биде и позитивен и негативен чекор.

„Нема важна адреса на која не сме се обратиле последните два три месеци и тоа по неколку пати. Мислам дека сме ги изложиле сите аргументи. Инаку не е тоа ништо ново. Освен Хрватска сите други биле во некаков пакет. Овој пат бидејќи ние сме ја имале незгодата да чекаме 15 години, на голем дел од државите им е јасно дека таков пакет би бил погубен за нас ако не пројде. Втора најдобра варијанта е барем една од нас да почне. Во Бундестагот има две можности. Две недели ќе имаат заседание. Ние работиме интензивно за да се најде кандидатурата на Северна Македонија за почеток на преговорите.  Минатата година тие исти пратеници дадоа зелено светло со направено многу помалку, оваа година на повеќе направено очекуваме дека ќе им биде полесно да ја донесат таа одлука. Секое понатамошно одлагање би бил лош пример за другите земји од регионот“, рече Маричиќ.

Целиот разговор погледнете го во видеото.

Back To Top