skip to Main Content

Тема во „Печат на неделата“: Едно општество за сите – илузија или реалност?

Тема во „Печат на неделата“: Едно општество за сите – илузија или реалност?
  • 22.05.2019

Гости во емисијата „Печат на неделата“ кај уредникот Сашо Ордановски беа д-р- Рубин Земон, етнолог и антрополог и д-р Петар Атанасов кои зборуваа за стратегијата за едно општество за сите.

Стратегија на Владата едно општество за сите се работеше шест месеци. Не е дефинитивна, ќе се дискутира и наредните месеци. Поделена е на седум области и сите имаат акциони планови.  Според Земон во Македонија постои поделеност и малкумина го разбираат овој концепт, додека пак Атанасов истакна дека последните три децении се работеше на модел кој ќе биде сигурен за поголема интеграција.

„Идејата е да вклучиме повеќе заинтересирани страни. Македонија за жал е поделено општество и покрај Рамковниот договор. Ние што се бавивме со овие теории знаеме дека во суштина изминатите 30 години малку се работеше на мултикултурните комуникации. Имавме анализа, преглед на Охридскиот договор каде се потенцираа наоди дека во суштина малку се работи на интеркултурализмот. Нас ни требаат интеркултуралистички политики. Мал број на луѓе разбираат што е едно општество за сите. Тоа што ни фалеше за да имаме симбиоза“, рече Земон.

Како му ја „продадовте“ формулата на Заев, што е разликата меѓу моделот на братство – единство и овој модел?

„Контактот меѓу различните културни заедници е ист. Но политичкиот модел механизмот на соживот, односите меѓу заедниците, тука се разликите. Јас веќе 20 години се бавам со ова и се говореше дека мултикултурализмот ќе заглави, бидејќи ги глорифицира етничките разлики и не дава развој. Трговија голема.  Јас работев во две големи групи идеолошки-програмски за изборите. Концептот за едно општество беше во 2014 година при крај, но 2016 година таа група што работевме сфативме дека е тоа нешто многу вредно. Можеби општеството е поголема граѓанска соработка. Созреано време за граѓански концепт, каде ќе паднат разликите. Во таа стратегија концептот едно општество влезе како петти столб. Последнит три децении баравме модел кој ќе биде сигурен. Нам ни требаше концепт за модел на поголема интеграција и еднаквост. Имаме дефиниција за цело општество“,  рече Атанасов кој објасни дека едно општество подразбира обезбедување еднаквост, социјална правда, правичност, вклученост на граѓаните и постигнување општество на кохезија.

Целиот разговор погледнете го во видеото.

Back To Top