skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Јанева со полициска придружба замина за Гевгелија
Законски нејаснотии кој ќе управува со СЈО по приведувањето на Јанева
Судењето за „Монструм“ одложено за 5 септември
Се запали автубус на ЈСП во Ѓоче Петров
Косовското Собрание се самораспушти, се очекува датумот за избори
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV

ТВ дуел на Тошевски и Азманов во „Правда и неправда“: Нова измама или легални позајмици?

ТВ дуел на Тошевски и Азманов во „Правда и неправда“: Нова измама или легални позајмици?
  • 16.04.2019

Два месеци по првото издание на „Македонски инсајдер“ и по многу договарања, гости во ТВ дуелот на емисијата „Правда и неправда“ беа бизнисмените Киро Тошевски и Зоран Азманов, кои седнаа на заедничка маса и се соочија меѓу себе, а дополнително и за тоа колку институциите  ја гарантираат сопственоста, но и должничко-доверителските односи.

На самиот почеток Тошевски и Азманов кажаа кога прв пат се запознале, како и за нудењето на локацијата која се наоѓа во близина на Универзитетот „ФОН“.

 

„2018 година месец август добив повик од Азманов по препорака на управителот негов дека сака да се сретне итно и неодложно, отидов и пристапив каде што ме повикаа, односно во просториите на Настел каде лично се запознавме“, рече Тошевски.

„Се запознавме еден месец порано. Тој дојде кај мене и ми ја нудеше локацијата. По враќање од одмор јас го побарав дека треба да се видиме во врска со таа локација, бидејќи треба да ја видиме суштината што фактички нуди“, рече Азманов.

Како почнаа преговорите?

„Не се сложувам со тоа што го кажа, бидејќи одговорно тврдам дека беше во месец август, бидејќи неговиот директор беше на одмор во Албанија. Датите и пораките ја говорат вистината.  Ме повика Азманов. Отидов во неговиот кабинет каде што не беше сам, туку со него беа двајца познати лекари. Едниот е кардиоваскуларен хирург, а другиот познат гинеколог и професор. Беа присутни тројцата, а јас отидов со адвокат. Разговорот почна со тоа што Азманов ми кажа дека е заинтересиран за локацијата. Локацијата се наоѓа пред универзитетот ФОН, 13 000 метри квадратни површина, карабина на 4. 000 квадратни метри, атрактивна локација. Цената што првично ја понудив беше 4 милиони евра на кои Азманов без никаква консултација кажа 3, 5 давам за сето ова и тоа е мојата последна цена. Го напуштив состанокот и му одговорив од нашите преговори не бива ништо“, рече Тошевски.

„Цената не е спорна туку легалноста на објектот на таа локација. Се работи за објект изграден од Вардар Комерц. Се распрашавме во општината Гази Баба и во Министерството за Транспорт и Врски дали е можно да се легализира тоа место и комуналиите дека се платени за да се гради на тоа место. Заради тоа и преговаравме за таа цена. Кога дојдовме во Транспорт и Врски ни кажаа дека тоа е невозможно. Тој поднел барање да му се признаат тие комуналии и легализација, но бил одбиен. Се на се, ни кажаа дека е невозможно бидејќи Вардар Комерц е ликвидирана фирма. Кога видовме дека е таква работата, му кажав дека повеќе не сум заинтересиран за таа локација“, рече Азманов.

Целиот тв дуел погледнете го во видеото.

Back To Top