skip to Main Content

Талат Џафери гостин во специјалното издание на „Уреднички брифинг“ и „Студио 1“

Талат Џафери гостин во специјалното издание на „Уреднички брифинг“ и „Студио 1“
  • 06.07.2018

Собранието по втор пат го ратификуваше Договорот со Грција за конечно решавање на спорот за името. Јавноста поделена – за едни историски успех со кој на Македонија конечно и се отвораат вратите во евро-атлантските структури, за други предавство и пораз пред меѓународната заедница.

Во меѓувреме ВМРО-ДПМНЕ поднесе кривични пријави за Заев, Џафери, Димитров и пратениците кои го поддржаа договорот.

Ќе го потпише ли договорот Претседателот Иванов?

Иако ги помина собраниските филтри и законот за јазици е донесен, сепак има ли Џафери резервен план доколку Иванов остане на ставот дека нема да стави потпис на според него овој неуставен закон.

На овие и уште многу други прашања, одговори ќе даде Претседателот на Собранието на Република Македонија Талат Џафери во специјалното издание на Уреднички брифинг и Студио 1 со главниот и одговорен уредник на 1ТВ, Ацо Кабранов.

Back To Top