skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Алтернатива е новото име на партијата на Африм Гаши – Беса останува на Касами
Могерини: ЕУ ќе го поздрави историскиот успех на Скопје и Атина
Бугарија в среда ќе го ратификува Протоколот за НАТО
Северна Македонија денеска на агендата на министрите за надворешни на ЕУ
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ

Таблите Република Северна Македонија можат законски да се поставуваат

Таблите Република Северна Македонија можат законски да се поставуваат
  • 12.02.2019

Република Северна Македонија, на македонски, албански и на англиски јазик. Вака ќе излгедаат таблите кои ќе бидат поставени на граничните премини. Фотографијава е направена на граничниот премин Ќафасан, таблата била донесена во доцните часови, која чека да биде поставена. И на другите граници е идентична атмосферата, таблите се пристигнати. Но ги нема на автопатите.

Оваа табла на која пишува „Добредојдовте во Република Македонија“ наскоро ќе биде заменета. Но, кога, засега најави нема. Тука, наместо Република Македонија, ќе пишува „Добредојдовте во Република Северна Македонија“.

Таблите можат да се постават. Откако стаса вербалната нота од Грција дека во грчкиот парламент е ратификуван преспанскиот договор и уставните измени се официјализираат. Сега двете земји Грција и Северна Македонија треба да го известат генералбниот секратр на обидинетите нации Антонио Гутереш дека двете земји ставаат крај на речиси тридеценискиот билатерален спор.

Покрај на границите се очекува промена на таблите на институциите.

Неофицијално во МАНУ академиците разменуваат ставови – дали и како МАНУ во иднина да се имнеува со новото име.

Во Макдеонската радио телевизија нема пристигнато инфомации за промена на името на медиумот. Албанскиот политички фактор во земјава инсиситра на преиминување на МРТВ во Радио телевизија Македонија. Но директорот Марјан Цветковски не е запознаен.

„Ние сè уште немаме ништо добиено. Нашето име е регулирано во законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, таму е дефинирано јавно претпријатие Македонска радио телевизија. За да ние пристапиме во промена на името на институцијата, мора да претрпи измени законот за аудио и медиумски услуги“, вели за 1ТВ директорот на ЈП МРТВ Марјан Цветковски.

Македонската православна црква кон своето име веќе ја приклучи додавката Охридска археипископија. Црковни кругови велат дека тоа би можело да биде влез во автокефален статурс од цариградската патријаршија. Преговорите, најверојатно се во наскока МПЦ да биде признаена како Охридска Архиепископија.

Игор Стефановски

1tv.mk: Преземањето на авторски содржини обајавени на оваа страница е дозволено само делумно (маx. до 30 насто од содржината) и со ставање хиперлинк до содржината којашто се цитира. Непридржувањето до ова правило ќе значи крадење на информациите и соодветно ќе се санкционира од страна на BMJ Мedia Group, согласно позитивните законски норми.

Back To Top