skip to Main Content

Судско-медиумско тело, мост за подобар дијалог меѓу новинарите и судиите – тема на „Правда и неправда“

Судско-медиумско тело, мост за подобар дијалог меѓу новинарите и судиите – тема на „Правда и неправда“
  • 07.05.2019

Судско-медиумското тело функционира од септември минатата година и е замислено како мост меѓу судиите и новинарите. На оваа тема во „Правда и неправда“ разговараат судијата Ѓорѓи Андонов, новинарот Васко Маглешов и Андреј Божиновски од Здружението на судии на Македонија.

-Новинарите ги доживувам како професија со којашто ние судиите мораме да соработуваме, со оглед на важноста на функцијата која ја извршуваат. И судиската работа се пренесува преку вашите извештаи, преку следењата на нашите процеси и перцепцијата на граѓаните доаѓа токму преку вас. Затоа сметам дека сте доста важен фактор во целиот тој правосуден систем и сме неминовно судени да соработуваме. Денешната тема е зачеток на подобра соработка меѓу двете професии, вели судијата Божиновски.

-Односите меѓу судиите и новинарите сѐ уште не се идилични, но се подобруваат. Мора да се потенцира разликата, особено од годините од 2013-2014, кога како паралела или навраќање во минатото, имавме соопштение од Кривичниот суд во Скопје за притворот на нашиот колега Томислав Кежаровски, дека протестот пред судот е вршење притисок врз судиите. Најголемиот Кривичен суд во државата беше затворен во еден дел, се лиферуваа некои соопштенија од кои се оградуваа и самите судии. Моравме да наоѓаме начини како да добиеме информации, се потсетува Маглешов и додава дека и во 2016, претседателот на Судскиот совет рече дека СЈО и медиумите вршат притисок врз нивната работа. Според него, токму од тука почнува идејата за Судско-медиумскиот совет, за да се овозможи работата на судството да биде потранспарентна за јавноста поради ваквите ситуации.

-Во Р. Македонија, транспарентноста, иако се предвидува, е проблем. Имаше многу проекти кои го адресираа ова прашање во државава, но сите проекти беа полу-печени. Имаше многу ентузијазам на почетокот, особено со воведувањето на ПР канцелариите на судовите, дека конечно ќе се отворат кон јавноста, дека новинарите ќе имаат пристап до соопштенијата, но тогаш настанаа проблемите со употребување тежок јазик за јавноста, која нема диплома по право. Врз основа на ова, ако првата идеја беше независност и отчетност на судиите, втората компонента на проектот да биде транспарентноста, вели Божиновски.

Целиот разговор можете да го погледнете во видеото.

Back To Top