skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Јанева со полициска придружба замина за Гевгелија
Законски нејаснотии кој ќе управува со СЈО по приведувањето на Јанева
Судењето за „Монструм“ одложено за 5 септември
Се запали автубус на ЈСП во Ѓоче Петров
Косовското Собрание се самораспушти, се очекува датумот за избори
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV

Судење за големата автомобилска измама – оштетените тврдат дека злоупотребата продолжува

Судење за големата автомобилска измама – оштетените тврдат дека злоупотребата продолжува
  • 11.04.2019

Оштетени во случајот за големата автомобилска измама денеска сведочеа во Кривичниот суд. Двајца од 18-те оштетени пред судијата кажаа дека осомничениот Авдиљ Љимони не им ги исплатил парите за автомбилите иако имале купопродажен договор.

Според обвинението на обвинителството, во периодот од мај до јули 2018 година обвинетиот Авдиљ Љимони од Скопје ги довел во заблуда и измамил 18 граѓани. Обвинетиот Љимони преку јавни огласи наоѓал физички лица што нуделе на продажба моторни возила, ги доведувал во заблуда дека ги купува за фирмите, склучувал договори за купопродажба, каде што како купувач се јавува тој, ополномоштен од фирми што немале банкарска сметка или биле неактивни.

Како што дознава 1ТВ, купопродажбата на автомобилите на измамените граѓани продолжува и натаму. Иако во моментов постои забрана за управување и отуѓување со што е забранета и регистрација на возилата, обвинетиот успеал да регистрира едно од возилата. Според нашите извори, веќе е алармирана внатрешната контрола на МВР за службеникот кој го регистрирал возилото. Дел од измамените во разговор за нашата телевизија велат дека се чувствуваат оштетено и од одлуката на обвинителството да не ги заплени автомобилите туку само да го замрзне нивното управување.

Оштетените во ова обвинение не се единствените кои тврдат дека се измамени од Љимони. Во скопска двојка, уште неколкумина граѓани го тужат за измама.

Љимони беше приведен во август лани, а по три месеци притвор беше пуштен да се брани од слобода. Следното рочише е закажано за 9 мај,  а на него ќе сведочат нотарите кои ги заверувале купопродажните договори. Меѓу нив има имиња на поранешни политичари.

Кристина Атовска

Back To Top