Студио 1 тема: Beach Film Festival – филм на плажа и вода

Второто издание на Фестивалот на нов европски филм – Beach Film Festival се одржува во Охрид, од 18-21 јули 2019 година. Фестивалот на нов европски филм – BEACH FILM FESTIVAL претставува интердисциплинарен настан кој е фокусиран на развојот, односно презентацијата на новиот европски филм и неговата идентификација како посебен културолошки феномен.
BEACH FILM FESTIVAL претставува прв од ваков вид во Македонија, кој со својот иновативен концепт се издвојува се од досегашните фестивалски стандарди. Она што го прави уникатен е, пред се, локациите кои ги избравме за нашите филмски проекции – плажата Оревче во Охрид и проекции на брод во Охридското Езеро. Идејата е да се искористи летниот период и плажата како социјален феномен за размена на искуства и дискусии на еден поопуштен начин, без урбаните притисоци или пак било какви временско- просторни инхибитори.
Планирани се проекции на 7 долгометражни и 20 краткометражни филмови. Голем дел од филмовите селектирани на нашиот фестивал се селектирани и наградувани на реномирани светски фестивали како Sundance, Berlinale, Cannes Film Festival итн.
Традиционално, последната проекција на нашиот фестивал од ревијален карактер, со специјална проекција на нов македонски филм со постигнат успех. Минатата година фестивалот затвори со “Исцелител” на Ѓорче Ставревски, а оваа година со “Господ постои, името ѝ е Петрунија” на Теона Стругар Митевска.
Гостин во Студио 1 беше Марија Јанковиќ ПР на „Beach film festival“, која говореше токму за овој интердисциплинарен настан кој е фокусиран на развојот, односно презентацијата на новиот европски филм.
Целиот разговор погледнете го во видеото:
1tv.mk: Преземањето на авторски содржини обајавени на оваа страница е дозволено само делумно (маx. до 30 насто од содржината) и со ставање хиперлинк до содржината којашто се цитира. Непридржувањето до ова правило ќе значи крадење на информациите и соодветно ќе се санкционира од страна на BMJ Мedia Group, согласно позитивните законски норми.