skip to Main Content

Студио 1 тема: Скопското Кале – запуштена убавина

Студио 1 тема: Скопското Кале – запуштена убавина
  • 10.04.2019

Во градското централно подрачје имаме убавина која со години наназад е запуштена особено ако се влезе во Калето. За гостинот во Отвреното Студио 1, архитектот Мартин Пановски Калето е комплексно прашање кое заслужува правилен третман.

„Калето како Кале не е единствена локација во Македонија која е запуштена. Во сите изминати декади има празни простори за кои размислуваме што треба да се направи. За некого можеби е сензибилно, но за мене не. Проблемот кога имате запуштена локација е што се навикнувате на неа. Ја живеете подолго време и ви станува нормално.

-Сега проблемот е што секоја идеја по автоматизам се дочекува како лоша. Не се ни влегува во дискусија. Оваа конкретна локација е можеби единственото место во светот кое што има такво богатство таква тврдина која е оставена сама на себе. Секаде е тоа атракција. Проблемот на Калето е што нема програма за работа, а како архитекти не знаеме што се случуваше изминативе 10 години таму.

Меѓудругото Пановски се осврна и на Музејот на Современа уметност како дел од скопското Кале.

-Станува збор за делот од ѕидината до Музејот на современа уметност. Тој беше „изолиран“ и одевме само кога има некој настан, сега малку се отвори и во таа насока се разви тој дел од Калето.

-Сегашниот конкурс подразбира собирање на идеи, па после тоа ќе се види дали од тие идеи ќе се направи некое преклопување, па после анкетниот конкурс следува нов, кој што ќе биде по реален и нешто од идеите и практично ќе се примени.

На прашањето зошто долги години не биле вклучени архитектите, Пановски со став дека последниве 30 години не се многу за правење на „шифтинг“ за нешто ново.

„Сега веќе го знаете фокусот на државното земјиште. Градежните компании сега немаат интерес да се занимаваат со павиљони. Мислам дека тука е проблемот кој што ни избегал со трансформацијата од државна кон приватна сопственост. Нашата компанија е сега заинтересирана за оваа локација. Сакаме градот и околината да ни бидат убави“, рече Пановски.

Целиот разговор, во кој и гледачите активно се вклучија во дебатата, погледнете го во видеото:

Back To Top