skip to Main Content

Студио 1 тема: Претседателските избори завршија, што понатаму?

Студио 1 тема: Претседателските избори завршија, што понатаму?
  • 06.05.2019

Што се случи на претседателските избори, како завршија и што е она што следува? Без самокритичка анализа на настапот на изборите на кандидатката Сиљановска Давкова и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, иако де факто ги изгубија изборите и едно обраќање од страна на победничката коалиција, во кое што веднаш почнуваат да се провејуваат едни автокритички ноти, бидејќи цело време говорат дека пораките се примени и дека допрва им претстои работа.

Гости во последниот блок од денешното Отворено Студио 1 беа новинарите Ѓунер Исмаил и Зоран Иванов.

Според Иванов, може да се каже дека кога зборуваме за победи и порази е дека сите се поразени во однос на излезноста.

„Политичките партии не успеаја да извлечат гласачи и ова е еден од најмалите цензуси до сега. Не можеме да се тргнеме од впечатокот дека овие претседателски наликуваа на парламентарни избори – во однос на кампањата, на реториката, на темите и дека кандидатите беа некако во втор план. Лидерите на партиите и партиската коњуктура беа во центарот на вниманието. Ако така гледаме можат сите да бидат незадоволни од излезноста, односно со степенот на мотивираноста на гласачите да излегуваат на избори. Тоа особено се покажа во првиот круг. Знаме дека меѓу двата круга политичките партии „железни опинци“ искинаа да извлечат што повеќе луѓе.

-Од друга страна пак, сите се победници. Во првиот круг, БЕСА и Алијансата извадија скоро 80.000 гласови. Тоа е бројка и над нивните партиски очекувања. ВМРО-ДПМНЕ од локалните избори преку првиот круг до овие избори се слеаја гласови, за кои исто така можат да кажат дека се победници. Победници се СДСМ и ДУИ бидејќи и тие извадија доволно гласачи за да победи нивниот кандидат. Победник е Стево Пендаровски – стана претседател на држава. Мислам дека губитник е само Гордана Сиљановска, бидејќи таа практично ништо не доби. Тоа е мојата првична проценка на победите и поразите на политичките партии. Во секој случај мислам дека се тоа мали победи на партиите во нивните големи порази на овие претседателски избори.

За Ѓунер Исмаил пак, настапот на кандидатите како натпартиски влече корен од една чудна теза – дека партиите се легло на сатаната.

„Тезата е дека партиите се легло на се лошо што може да се направи или смисли во оваа земја. Кога ќе спомнете партии, тоа малтене звучи како навреда. Јас не се согласувам со тоа. Партиското – политичко организирање е потполно легитимно. А какви партии има на сцената е друго прашање. Го имавме СДСМ кој што е во еден од, една трасирана стаза, која што ја оди трпеливо, по скапа цена, многу пати лошо, многу пати се сопнува, но на крајот на денот СДСМ сепак успеа да го изоди и овој чекор од она што го нарекуваме процес на нормализација на земјата.

-Голем дел од гласачите заборавија каде бевме 11 години. Сега СДСМ го изоде и овој чекор. СДСМ многу пати покажала дека е подготвена да плати и скапа политичка цена за тоа што го прави или не го прави. Во таа смисла бројот на гласови на контото на Стево Пендаровски, како персонификација на идејата на нормализација, е сосема добра бројка.

Целиот разговор погледнете го во видеото:

Back To Top