skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
ДКСК: Заев не може да биде премиер и министер за финансии
Заев: Го повлекувам предлогот да бидам и министер за финансии, иако уставот и законите го дозволуваат тоа
Атанасов: Сакав да бидам министер, бидејќи во образованието се прави малку
Весел Мемеди ќе поднесе оставка од функцијата потпретседател на Собранието
Шекеринска: Северна Македонија ќе учествува на сите сензитивни дискусии во НАТО
Димитров: Бугарија и Македонија ќе најдат начин низ пријателство и почит да го решат прашањето за Гоце Делчев
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV

Студио 1 тема: Преспанскиот договор и евроинтеграциите

Студио 1 тема: Преспанскиот договор и евроинтеграциите
  • 12.06.2019

Гостин во денешниот последен блок од Отвореното Студио 1 беше Костас Стратилатис, професор по уставно право од Грција, а од наредната година неговите предавања ќе може да ги следат и студентите од Универзитетот ФОН.

За Стратилатис, потпишувањето на Договорот од Преспа е многу емотивно и лично прашање, бидејќи, пред се, жена му е Македонка.

„За мене како да не помина една туку пет години, зашто многу работи се случија, и во вашата земја и во Грција.

Во вашата земја, ако може накусо да набројам, целиот процес, имаше 600.000 храбри луѓе кои донесоа одлука да се смени името на земјата.

Ова е без преседан. Не го сторија тоа бадијала. Имаше причини за тоа. ЕУ, НАТО, што и да е.

-Од другата страна, имавме многу поинакво сценарио.

Овој договор, според мене, се плашам дека не го изразувам мислењето на 9 милиони Грци, има доста со спротивно мислење.

И да бидам искрен, има неколку стотици илјади, кои може да го делат моето мислење. За мене, ова можеше да биде најдобриот договор кој Грција може да го замисли во овој период, во овој век. Ако зборуваме за следниот век, не знам.

Но, реакцијата на политичкиот систем, и кога велам политички систем, во Грција тоа е главно системот на медиуми, кој е под контрола на опозицијата, реакцијата на главата опозициска партија и од Социјалистичката партија, тие зазедоа став која не беше грчкиот национален став по 2007 г. Во името да не биде вклучено зборот „Македонија“.

Тоа беше нереален став И потоа почнаа да негодуваат за националната припадност, за ова, за она… Но, големата слика е дека во Грција Ципрас донесе храбра одлука за која плати политичка цена, и верувам дека вашите лидери исто беа многу храбри не само тие, туку и пратениците, и некои пратеници од грчкиот парламент Ципрас немаше мнозинство. Некои грчки пратеници причинија политичко самоубиство со цел да го поддржат…

Целиот разговор може да го погледнете во видеото:

Back To Top