skip to Main Content

Студио 1 тема: Колку и дали сме подготвени за првата прајд парада?

Студио 1 тема: Колку и дали сме подготвени за првата прајд парада?
  • 27.06.2019

Во пресрет на Парадата на гордоста, во отвореното Студио 1 гостуваше Билјана Гинова, борец за човекови права и ЛГБТ активист, која ги повика граѓаните гордо да маршираат и на тој начин да ѝ се спротистават на дискриминацијата. Во сабота во Скопје ќе се одржи првиот прајд во организација на ЛГБТ активистите, а денеска и утре се одржува конференција за унапредување на правата на оваа заедница во нашата земја.

-Изминатите години, особено за време на претходната Влада, во Македонија навистина не беше лесно. И сега не е лесно, но тоа беше најцрниот период на хомофобија и трансфобија. Ако не бевме многу, немаше да издржиме, вели Гинова. Промените ги почувствувале со самата промена на власта, затоа што првата година владини претставници, вклучувајќи го и премиерот Зоран Заев се појавиле на ЛГБТ настани да покажат солидарност.

Како што објаснува, конференцијата е од историска важност, затоа што домаќин е Министерството за труд и социјална политика, односно државна институција, првпат во регионов.

-Таа прва година на декларативна поддршка продолжи наредната година со промена на законски решенија. Се смени кривичниот законик и сега ги препознава кривичните дела на омраза врз основа на сексуалната ориентација и родовиот идентитет и тоа на иницијатива на министерот Оливер Спасовски. Еден од клучните закони за кои се боревме со години во Македонија е Законот за заштита од дискриминација кој сега, благодарение на сите напори на Министерството за труд и социјална политика, се препознаваат сексуалната ориентација и родовиот идентитет како основи, но уште поважно, ја препознава интерсекциската дискриминација, рече Гинова.

За тоа колку и дали сме подготвени за првата парада и за сите искуства погледнете го разговорот со Гинова:

Back To Top