skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
ДКСК: Заев не може да биде премиер и министер за финансии
Заев: Го повлекувам предлогот да бидам и министер за финансии, иако уставот и законите го дозволуваат тоа
Атанасов: Сакав да бидам министер, бидејќи во образованието се прави малку
Весел Мемеди ќе поднесе оставка од функцијата потпретседател на Собранието
Шекеринска: Северна Македонија ќе учествува на сите сензитивни дискусии во НАТО
Димитров: Бугарија и Македонија ќе најдат начин низ пријателство и почит да го решат прашањето за Гоце Делчев
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV

Студио 1 тема: „Запознај ја Преспа“ – европски придобивки за регионот?

Студио 1 тема: „Запознај ја Преспа“ – европски придобивки за регионот?
  • 12.06.2019

На 15 и 16 јуни во Преспанскиот Регион ќе се одржи манифестацијата „Запознај ја Преспа“ чија цел е да ги прикаже традицијата и убавините на овој регион и да го стави на место какво што заслужува на туристичката мапа.

Во рамки на манифестацијата се планирани дегустација на традиционална храна подготвена од „Рурални жени од Преспа“, од делот на регионот од земјава, но и од соседните Албанија и Грција, презентација на локални органски производи и локални производи од јаболко, турнир во одбојка на плажа, фолклорни танци, игри и забави за најмладите, а во рамки на манифестацијата ќе се одржи и познатата велосипедска трка „Tour de Galicica“, како и планинарска тура.

Планирано е и одржување панел-дискусија на која ќе учествуваат и млади од Грција и Албанија, а ќе разговараат за европските придобивки за регионот Преспа – искуства и можности.

„Запознај ја Преспа” е проект кој за прв пат се одржува во нашава држава, а има за цел да ги сплоти младите од регионот и пошироко со млади од соседството, пред се Грција и Албанија, преку дружба, спортување, фестивал на храна и органски производи, трибини и промоции.

Општината Ресен, како водечка институција е носител на проектот, заедно со Планинарското друштво “Prespa bike”, во чија организација е велосипедска и планинарска тура на Галичица.

По тој повод, гости во Отворено Студио 1 беа градоначалникот на општина Ресен, Живко Гошаревски, како и Никола Трајковски и Никола Табаковски од друштвото „Prespa bike”.

Разговорот може да го погледнете во видеото:

Back To Top