skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
ДКСК: Заев не може да биде премиер и министер за финансии
Заев: Го повлекувам предлогот да бидам и министер за финансии, иако уставот и законите го дозволуваат тоа
Атанасов: Сакав да бидам министер, бидејќи во образованието се прави малку
Весел Мемеди ќе поднесе оставка од функцијата потпретседател на Собранието
Шекеринска: Северна Македонија ќе учествува на сите сензитивни дискусии во НАТО
Димитров: Бугарија и Македонија ќе најдат начин низ пријателство и почит да го решат прашањето за Гоце Делчев
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV

Студио 1 тема: Заедничко родителство по развод – нов закон за доброто на децата?

Студио 1 тема: Заедничко родителство по развод – нов закон за доброто на децата?
  • 14.06.2019

Предлог законските измени на Иницијативата за заедничко и одговорно родителство по развод во Законот за семејство, се однесуваат на следното:

Дефинирање на тоа што е заедничко, а што самостојно вршење на родителско право, и тоа во правна и во физичка смисла. Најбитно е што се воведува квантификација на тоа што значи заедничко родителство во физичка смисла – секој од родителите да поминува по 120 до 180 дена годишно со своето дете.

Одредба дека заедничкото родителство ќе се однесува на сите случаи, освен исклучоците опфатени во еден член од законот кои се однесуваат на родители кои не сакаат, не можат или не се подобни за заедничко вршење на родителското право (зависници, насилници, душевно болни итн.)

За тоа како треба да функционира заедничкото родителство во пракса, разговаравме со Наум Рибарски од Ѓраѓанската иницијатива заедничко и одговорно родителство по развод.

Back To Top