skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
ДКСК: Заев не може да биде премиер и министер за финансии
Заев: Го повлекувам предлогот да бидам и министер за финансии, иако уставот и законите го дозволуваат тоа
Атанасов: Сакав да бидам министер, бидејќи во образованието се прави малку
Весел Мемеди ќе поднесе оставка од функцијата потпретседател на Собранието
Шекеринска: Северна Македонија ќе учествува на сите сензитивни дискусии во НАТО
Димитров: Бугарија и Македонија ќе најдат начин низ пријателство и почит да го решат прашањето за Гоце Делчев
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV

Студио 1 тема: Една изборна единица, шанса или пропаст за малите партии?

Студио 1 тема: Една изборна единица, шанса или пропаст за малите партии?
  • 11.06.2019

На секои парламентарни избори од 2008 година па се до последните, декември 2016, помеѓу 50 и 100 илјади гласови „одат во ветер“, токму поради изборниот модел со шест изборни единици, кој им дава предност на големите партии. Имало случаи кога партии освојувале по речиси 30 илјади гласови, а не освоиле ниту едно пратеничко место, поради лошиот распоред на гласовите.

Под претпоставка Македонија да е една изборна единица, помалите политички партии би можеле да освојат десетина пратеници, без да влегуваат во предизборни коалиции, каде што секогаш биле доживувани како приврзок на големата четворка.

Во Македонија досега за избори имало три модели, мнозинскиот кој беше до 1998, во 1998 беше комбиниран – мнозиски и пропорционален, а од 2002 досега е пропорционален систем.

Моделот една изборна единица ќе доведе до размрдување на политичка сцена и ќе се намали јазот меѓу двете најголеми партии ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, а со тоа и владите кои би се формирале би биле похетерогени.

Во Македонија имаше неколку иницијативи за промена на изборниот модел, но тие беа секогаш одбивани од големите партии, бидејќи тие со новиот модел го губеа монополот врз гласачкото тело, односно остануваат покуси за неколку пратеници.

Гости во Отворено Студио 1 беa политикологот Владимир Божиновски, генералниот секретар на БЕСА, Аријанит Хоџа, Енес Ибраими од Партијата на Движење на Турците во Македонија и претседателот на ЛДП, Горан Милевски.

Дебатата може да ја погледнете во видеото:

Back To Top