skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Атина бара исполнување на сите обврски од Договорот од Преспа
Пратеници бараат изборен модел со една изборна единица
Тимот на СЈО разрешен, предметите во рацете на Јовески
ВМРО-ДПМНЕ бара смена на Русковска – на шефовското место да седи професор

Студио 1 тема: Деинституционализација на лица со попреченост – до каде е процесот?

Студио 1 тема: Деинституционализација на лица со попреченост – до каде е процесот?
  • 11.06.2019

Владата на Република Северна Македонија  ја има усвоено Националната стратегија за деинституционализација 2018-2027 „Тимјаник“, кој предвидува 66 милиони евра за 10 годишна реформа на системот за социјална заштита.

Гости во Студио 1 беа Владимир Лазовски од МТСП и Гере Трпков од здружението „Equality“ Скопје, кое работи на етаблирање и соодветен третман на лица со попречености.

До каде е спроведувањето на реформата? Колку лица  се опфатени со програмата, колку лица досега се вселени во тие индивидуални домови? Дали ќе имаат стручна помош во индивидуалните домови? Колкава финансиска помош ќе добиваат негувателите? Дали ќе има контрола што ќе ги посетува?

Деинституционализацијата е процес кој се спроведува веќе дваесетина години, но досегашните напори беа инцидентни и без континуитет, а постигнувањатата  скромни. На што се должи тоа? Искуствата добиени од вашата пракса покажале дека моделот на големи институции треба да се замени со други облици на заштита на корисниците. Се врши проширување на постојните видови на дневни центри, колку до сега се направени?

Дебатата на тема „Деинстуционализацијата на лицата со попреченост“ – до каде е процесот“ како и интервјуто со Томислав Жаја кој е и режисерот и авторот на документарниот филм „Соседи“, (филм за правата на лицата со психо-социјални нарушувања), погледнете ја во видеото од Отвореното Студио 1.

Back To Top