skip to Main Content

Студио 1 тема: Актуелните судски случувања – гостин адвокатот Давидовиќ

Студио 1 тема: Актуелните судски случувања – гостин адвокатот Давидовиќ
  • 12.06.2019

Почетокот на расправата која се отвори и во судскиот совет и во јавноста, околу тоа што се случува со оној дел од судството кој остави многу хипотеки во целиот судски и правосуден систем и кој генерално се рефлектираше врз довербата на јавноста во судскиот систем – дали сме на прагот на некаков процес во кој можеби ќе се случи некакво проветрување во судството?

Гостин во Отвореното Студио 1 беше адвокатот адвокат Звонко Давидовиќ според кого ова е состојба која веќе долго време трае.

„Јас постојано се надевам , но никако да го дочекаме мигот на проветрување во судството. Се повторуваме и си стануваме досадни. Лоцирани се проблемите, поставена е дијагнозата, но никако да се случи да го прими судството лекот. Зошто е тоа така навистина не знам. Една од претпоставките е дека политиката е премногу завлезена и замешана и дека судството едноставно не е кадарно да се откачи од политиката во своите редови.

Околу измените на Законот за судски совет и што тој закон му овозможува на судскиот совет, Давидовиќ смета дека не е во прашање судскиот совет, туку одговорноста на членовите на судскиот совет.

„Дел од бомбите прикажа дека на партиска координација се вршат избори на судии и се договара нивниот избор. Немаше никаква одговорност на судиите за кои се слушна дека реферерираат на тогашниот премиер кој да биде и избран.

Интервјуто со Давидовиќ погледнете го во видеото:

Back To Top