skip to Main Content

Студио 1: ЕУ – Судир на либералните и демократските вредности?

Студио 1: ЕУ – Судир на либералните и демократските вредности?
  • 06.06.2019

Денешното Отворено Студио 1 со колегите Елена Милошевска и Антонио Крстевски го започнавме со дел од разговорот со Илија Димовски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ според кого Македонија нема да добие датум за преговори. Според него, тоа е сѐ поочигледно.

Како што вели, целите заради кои беше направен Договорот од Преспа се разбирливи, затоа што еден ден треба да станеме членка на НАТО и на ЕУ, но тој не ги исполнува очекувањата. Според него, Владата требало да ја предвиди кризата во ЕУ затоа што не е од пред половина година и да внесе граничници во Договорот, од каде што почнува да се применува.

За проценките дека демократијата во Европа е во длабока идентитетска криза, се потсетивме на разговорот во „Печат на неделата“ со  Анастас Вангели, докторант на Полската академија на науки и уметности и Ненад Марковиќ, професор на правниот факултет.

-Либералните и демократските вредности се во судир. Демократијата е популистичка, а либерализмот е игра на најдобрите и најспособните кои треба да испливаат на површина, колку и да можеме да го проблематизираме тоа. Либералната демократија е оксиморон, дрвен камен, кој не функционира во пракса како што би требало. Конкретно, за кризата на демократијата, во Европа е можеби највидлива, или можеби ни е најблиска. Уморни се и актерите, особено тие блиски до центарот, а не се политички центар – центар лево и центар десно умерените партии. Постои цикличност на расипување на демократијата и нејзино реобновување после големи драми од типот на нацизмот, која подразбира прво да се доведеме до ситуацијата да ја оспориме и да замижиме пред човековите и правата на малцинствата, а за возврат да добиеме разменска вредност на глас – некаква економска добробит или сигурност, но битно е што сме подготвени да се трампаме за тоа. Се повеќе се покажува дека е така – внимавајте што посакувате. Тоа што систем како демократијата има недостатоци, не значи дека алтернативата е подобра, изјави Марковиќ.

 

Продолживме со потсетување од вчерашниот Централен дневник на 1ТВ гостинка беше Малинка Ристевска-Јорданова, директорка на Институтот за европска политика, експерт за европски интеграции, ангажирана и во интегративните процеси на Србија и на Албанија. Како што вели, мора да се бараат нови наративи и балканските аспиранти да престанат со вечното падни-стани и плачење за процесот.

За крај на овој блок од Отвореното студио 1 го погледнавме разговорот со Војо Иванов неговател во Скопската Зоолошка градина кој збореше за актуелна тема, а тоа е зачестената појава на змии во овој дел од годината.

Првиот блок од Отвореното Студио 1 погледнете го во видеото:

Back To Top