skip to Main Content

Змии, мравки, мувла, рушевини во студентските домови: Ексклузивни снимки од нечовечките услови за студентите (ВИДЕО)

Змии, мравки, мувла, рушевини во студентските домови: Ексклузивни снимки од нечовечките услови за студентите (ВИДЕО)
  • 25.04.2018

Студентските домови во Македонија повеќе наликуваат на сценографии за хорор филм. Во студентскиот „Кузман“, каде се сметстени речиси петстотини студенти, времето како да застанало во XX век. Откако ќе ја поминете пријавницата, на горните катови ве пречекува мувла и врати од собите кои едвај се држат на ѕидовите. А и самите студенти коментираат дека во домот се чувствуваат како да патуваат назад низ времето, во крајот на 50 години на минатиот век, кога всушност и е изграден студентскиот „Кузман“.

Доколку ги прашате студентите за условите во „Кузман Јосифовски- Питу“, прва асоцијација им се токму хорор филмовите. Најголем проблем им претставува немањето приватност во минијатурните двокреветни соби, а се жалат и на нехигиената особено во тоалетите.

 

На секој кат има бања, која ја делат студентите сместени во собите на тој кат, но со страв да не им падне кровот виснатиот кров над глава, кој е мувлосан од влагата, а дополнителен проблем се застарените санитарни јазли.

Поради дотрајаните врати и прозорци, во „Кузман“ речиси и нема никаква звучна или топлотна изолација, па студентите се приморани на свој трошок да обезбедат грејни тела за да можат да ја поминат зимата, бидејќи старата инсталација за парно не успева да ги затопли. Поради ова, од управата велат дека дополнително се оптоварува буџетот, но за сега нема друго репшение. Од трите котли на мазут, со години функционира само еден, кој ја снабдува мензата, пералната и останатите простории. Се прават напори да профункционира барем уште еден од котлите.

Во изминатите години, студентите реагираа на храната која се служи во мензата, особено на нејзиниот квалитет и обем. Сега велат овие проблеми се во голем дел надминати, но сепак сметаат дека има потреба од поразноврсни оброци.

Пред две години, студентите добиле перална, во која месечно можат да исперат до шест килограми алишта, а се што е над овој лимит се доплаќа. Сепак велат дека честопати се случува да нема простор за сите студенти, па тие се приморани гардеробата за перење да ја носат назад во своите градови.

Пред една година биле заменети и лифтовите во домот, поради тоа што честопати се случувало некој да заглави во нив. Освен тоа во собите се поставени нови кревети, гардеробери и маси, што студентите сметаат дека е олеснителна околност, но сепак велат дека тоа не е доволно, ниту пак е единствената работа која им недостасувала за поквалитетен престој.

 

Back To Top