skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Денеска во 18 часот седница на ЦО на СДСМ за кадровските промени
Последен ден од изборите во ЕУ, првичните резултати пред полноќ
Од среда започнува пријавувањето за социјална помош во центрите
Торонто влезе во големото НБА финале
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV

Студенти од ФЕИТ со ново меѓународно признание – разговор во Студио 1

Студенти од ФЕИТ со ново меѓународно признание – разговор во Студио 1
  • 15.05.2019

Четворица студенти од ФЕИТ се добитници наградата за напреден систем за домување на возрасни лица. Станува збор за Матеј Пунтевски, Катерина Билбиловска и Милан Јанковски, заедно со Константин Кузмановски, кој поради студентска размена не беше во можност да учествува во отвореното Студио 1.

-Темата беше роботика и вештачка интелигенција, а тие се студенти кои студираат електроенергетски системи. Секој кој разбира електротехника ќе сфати дека тоа се различни концепти во електротехниката. Сепак, за релативно краток период, помалку од два месеци, успеака да развијат некое сопствено решение користејќи го знаењето од студирањето и сето тоа да го спојат со читање и истражување и на крај да направат нешто од што сите бевме задоволни. Тоа беше предизвик, а сите сами си го најдоа местото во тимот, вели проф. д-р Александра Крколева Матевска.

-Тоа е концепт составен од три различни системи. Едниот е за проверка дали лицето е во кревет и колкав дел од ноќта го поминува таму, во случај да не стане на време или ако стане во невообичаено време, тоа да прати сигнал до паметниот часовник кој ќе го носи на себе. Вториот е детектирање на пад, бидејќи старите лица се склони да паѓаат, а тогаш се праќа порака до блиските или тие што се грижат за лицето. Третиот е напреден систем за паметен шпорет, во случај да ја заборават ринглата, тоа праќа сигнал до паметниот часовник и старото лице дека мора да го исклучи шпоретот, вели Јанковски.

-Камерите се со видео надзор, но податоците не се предаваат никаде, освен во случај на пад. Тогаш се испраќа слика дека лицето паднало, па се заштитени од аспект на приватноста, додека другите системи се со сензори, објаснува Пунтевски.

-Проектот беше посебен затоа што беше студентски труд, сѐ беше наше дело. Некои изгледаа посложени и пософистицирани, но ова беше наше дело, наши алгоритми, сѐ сработивме сами и тоа беше пресудно, додава Билбиловска.

Целиот разговор можете да го погледнете во видеото.

1tv.mk: Преземањето на авторски содржини обајавени на оваа страница е дозволено само делумно (маx. до 30 насто од содржината) и со ставање хиперлинк до содржината којашто се цитира. Непридржувањето до ова правило ќе значи крадење на информациите и соодветно ќе се санкционира од страна на BMJ Мedia Group, согласно позитивните законски норми.

Back To Top