skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Груевски останува во Будимпешта
Шекеринска во Брисел: Билатерални средби со министри за одбрана на НАТО земји
Ексклузивно интервју со Бојан Јовановски – петок 21:00 во Отворено Студио 1
Презентација на втор мониторинг извештај за работата на Државното правобранителство- „Заедно во борба против корупција“
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV

Структурата на Нотр Дам спасена, допрва ќе се утврдува обемот на непроценливата штета

Структурата на Нотр Дам спасена, допрва ќе се утврдува обемот на непроценливата штета
  • 16.04.2019

По векови војни и револуции, катедралата Нотр Дам во Париз падна како жртва на реновирањето. Се претпоставува дека градежните активности се причина за пожарот што го проголта покривот на историскиот споменик.

Околу 400 пожарникари повеќе часа се бореа против огнената стихија и таа се чини дека е скротена. Огнот уште гори, но е под контрола и спасен е голем дел од структурата на црквата, вклучувајќи ја северната кула. Попушти дрвената граѓа под покривот и се урна главното копје.

Заменик министерот за внатрешни Лоран Нуњез соопшти дека „интензитетот на огнот се намалил“ и „структурата на зградата е спасена, вклучувајќи ја северната кула“.

Францускиот јавен обвинител покрена истрага за причината за пожарот. Допрва ќе се проценува непроценливата штета.

Макрон: Најлошото помина, но битката не е завршена

Претседателот Емануел Макрон го откажа очекуваното обраќање во врска со кризата околу „жолтите елеци“ и итно пристигна на местото на катастрофата. Зборувајќи од местото на несреќата, порача „Ќе ја изградиме повторно Нотр Дам“ и најави дека ќе почне кампања за собирање донации за реставрација на катедралата. „Таа е дел од нашата судбина во Франција и наш проект за уште долги години“, порача Макрон.

Се стравува за голем број уништени уметнички дела

Голем дел од катедралата е се уште непристапен и неговата состојба не е позната. Огнот веројатно уништил голем број скапоцени уметнички дела и артефакти, но ректорот на Нотр Дам, Патрик Жакен, изјави за локалните медиуми дека се спасени Круната од трње и Туниката на Св. Луј.

Граѓаните на Париз пеат пред катедралата во оган

На социјалните мрежи се шират снимки од толпи луѓе кои со солзи и со песна гледаат како гори историското и културно наследство од 12-тиот век.

Поголем број цркви во и околу Париз ги биеја камбаните во знак на солидарност со Нотр Дам.

Веста за пожарот во Нотр Дам го потресе светот.

Католичкиот весник Ла Кроа објави фотографија на насловната од катедралата во оган.

Поранешниот претседател Франсоа Саркози напиша на Твитер дека Франција „е повредена во срцето, идентитетот, историјата“.

Порака по твитер до Французите прати и поранешниот американски претседател Барак Обама. „Во нашата природа е да тагуваме кога ќе видиме загуба на историја – но во нашата природа е и да изградиме повторно за утре, најцврсто што можеме“, напиша.

Back To Top