skip to Main Content

Странци украле безмалку 2 милиони евра од македонски банки

Странци украле безмалку 2 милиони евра од македонски банки
  • 16.01.2019

Испланирано сценарио на странци за кражба на македонски банки. За четири месеци во 2017 година, седуммина странски државјани изнајмувале банкарски сефови во повеќе скопски филијали, за да го оценат безбедносниот систем, па со лажни идентитети ги посетувале банките, а кога ги немале службениците со специјални апарати ги снимале бравите на сефовите за да изработат клучеви. Оттаму почнала големата кражба, на безмалку 2 милиони евра. Од обвинителството за организиран криминал и корупција информираат дека спроведуваат истражна постапка против седумтемина странски државјани, кои се осомничени за кривичните дела „тешка кражба“ и „злосторничко здружување“, по македонскиот кривичен законик.

„Станува збор за меѓународна криминална група составена од четворица украински државјани и по еден државјанин на Молдавија, Казахстан и на САД. Осомничените во Република Македонија извршиле 19 тешки кражби од граѓански сефови во филијали на Шпаркасе банка и на Централна кооперативна банка во Скопје. Притоа се стекнале со противправна имотна корист од 105.638.858 денари во пари, накит и други вредни предмети“, соопштуваат од јавното обвинителство на Република Македонија.

Од обвинителството информираат дека еден од осомничените е уапсен во Латвија, двајца во Таџикстан. Обвинителот побарал меѓународна правна помош за собирање податоци и докази од институциите на странските земји.

Игор Стефановски

Back To Top