skip to Main Content

Стојановски: Со автентичното толкување се расчистува нешто што и во иднина ќе можеше да се користи како селективна правда

Стојановски: Со автентичното толкување се расчистува нешто што и во иднина ќе можеше да се користи како селективна правда
  • 11.05.2019

Автентичното толкување покажува дека граѓанските организации апсолутно не требале да плаќаат дополнителни средства во буџетот за оние активности кои практично биле нивна основна дејност, изјави денеска министерката за одбрана, Радмила Шекеринска на прес конференција. На оваа тема гостин во Централниот дневник на 1ТВ беше Филип Стојановски од фондацијата „Метаморфозис“.

-Ова е многу добар развој на настаните, со години чекавме да се разрешат оние дилеми кои започнаа со самиот обид да се уништи угледот и работата на невладините организации од поранешната власт со искривени толкување на законите да ни нанесат штета. Со автентичното толкување се расчистува нешто што во иднина ќе можеше да се користи како селективна правда. Она што беше оставено како дупка во законот во 2016 и 2017 беше искористено како дел од тој процес преку притисок да се замолчат невладините организации, истакна Стојановски.

Вели дека постоеле два типа на злоупотреба на институциите како дел од тој процес што Груевски го нарече „десоросоизација“

-Едниот беше преку овој закон за персонален дохот и притоа од претходниот период не беше јасно ставено на знаење дека дел од работите кои се плаќаат како дел од работата и на граѓанските организации не подлежат под тој закон на персонален дохот би било апсурдно за една работа да се плаќаат два типа даноци. Тоа беше политика на тогашната владеачка партија со која беа злоупотребени државните институции, и не само УЈП, но и преку чешлање на целата наша документација за една година, па и за сите претходни години со цел да се утврди било каков проблем со кој би се нашол изговор за други постапки против нас, објаснува Стојановски.

Стојановски рече дека сегашната власт покажала највисоко ниво на политичка волја за соработка со граѓанскиот сектор со нивно вклучување во работни групи и јавни дебати за она што се одлучува.

Целиот разговор можете да го погледнете во видеото.

Back To Top