skip to Main Content

Столтенберг: Илузија е Македонија да стане членка на НАТО без да го прифати договорот со Грција

Столтенберг: Илузија е Македонија да стане членка на НАТО без да го прифати договорот со Грција
  • 06.09.2018

Членството на Македонија во НАТО без прифаќање на Договорот со Грција е целосна илузија вели првиот човек на НАТО, Јенс Столтенберг. По средбата со премиерот Зоран Заев генералниот секретар на Алијансата, изјави дека не е возможно граѓаните да ја отфрлат спогодбата а да очекуваат земјата да стане членка на НАТО. Тој упати апел дека ова е историска можност за државата и иднината на македонскиот народ, па затоа ги повика сите масовно да гласаат „за“ на референдумот. Столтенберг се сретна со Мицкоски и Иванов кои се противат на договорот и им испратил порака дека Македонија е пред историски момент.

– Имав добро состаноци и со претседателот и со лидерот на опозициската партија. Важно е да се сретнам и со влаЗа дини и со претставници на опозицијата и да ги слушнам нивните грижи, ставови и погледи. Мојата порака е дека ова е историска можност да станете полноиправна членка на НАТо, на ЕУ. Но за да го направите тоа, мора да се согласите со Договорот за името. Нема друг пат за зачленување во НАТО, изјави генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.

За Македонија нема друга алтернатива освен полноправно членство во Европската унија и НАТО, истакна по средбата со Столтенберг, премиерот Заев, кој повторно подвлече дека е оптимист за успешен референдум.

– Јас сум најголем оптимист, бев оптимист и кога имаше помалку причини. Но, како наближува денот на референдумот, нема ‘што ако‘. Јас сум толку убеден дека референдумот ќе успее, дека цензусот ќе биде видливо надминат и немам дилема за тоа, изјави премиерот Зоран Заев.

Претходно Столтенберг го посети селото Стајковци каде се сретна со градоначалникот Борис Георгиевски, подоцна со министерката Радмила Шекеринска присуствуваше на вежба на припадници на АРМ а се сретна и со претседателот на Собранието Талат Џафери. По посетата на Скопје, Столтенберг заминува за Атина, на средби со грчкиот политички и државен врв.

Антонио Крстевски

Back To Top