skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Катица Јанева ќе одлучува дали ќе ги изземе Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски од „Титаник 3“
Петнаесет-годишно момче се удави во Пчиња
Пожарот кај Пинтија ставен под контрола
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV

Стартува „Македонски инсајдер“ на 1ТВ – најавени првите четири досиеја

Стартува „Македонски инсајдер“ на 1ТВ – најавени првите четири досиеја
  • 15.01.2019

1ТВ ги претставува првите четири досиеја што ќе бидат емитувани во долгонајавуваниот истражувачки проект „Македонски инсајдер“.

Првото екранизирано досие на „Македонски инсајдер# е на 17 февруари во 22 часот.

Досие 001 – Македонска нарко мафија

Како стигнува дрогата на улиците и кој е главата на нарко мафијата во Македонија денес? До каде досегаат пипалата на шверцот со дрога?

Досие 002 – Валкани банки

За кого работат македонските банки? Дали перат пари за приватни џебови и дали има злоупотреба од овластени лица? Која е македонската банка што го чува кешот на поранешните функционери во Македонија?

Досие 003 – Мафија на квадрат

Што стои зад секој квадрат на македонската градежна мафија? Кои се врските со власта, има ли поврзаност со обвинителството и судиите?

Досие 004 – Филимена и Михајло

Мобинг, притисоци, уцени и поткуп на судии и обвинители – сопружници го урнисаа македонскиот праводсуден систем.

Back To Top