skip to Main Content

Ставот на царинската управа за посетите на службеници кај Груевски – тема во Студио 1

Ставот на царинската управа за посетите на службеници кај Груевски – тема во Студио 1
  • 25.12.2018

Двајца вработени во цариската управа беа видени на фотографии со Груевски во Будимпшта. На оваа тема Кристина Атовска и Христијан Баневски во Студио 1 зборуваа со новинарката Искра Опетческа која присуствуваше на денешниот брифинг во управата. Опетческа објасни дека според директорот на царинската управа ништо не е спорно, затоа што тој како дриректор, ниту смее, ниту може да контролира некој од неговите вработени каде оди доколку тоа е во нивното слободно време.

-За Александар Трајковски зборувавме дека со регуларно боледување заминал во Унгарија и сета документација барем навидум е регуларна. Во царината од секторот за внатрешна контрола е отворена истрага, која ќе утврди дали тие документи се вистинити, вели Опетческа.

Во однос на вториот службеник, покрената е истрага и во рамките на внатрешната контрола на царината и во рамките на обвинителството за организиран криминал. Она што денеска го дознавме, а директорот не сакаше да го потври е дека за овој службеник којшто е сликан со Груевски се водат и други истраги во обвинителството за организиран криминал за кривично дело шверц, но треба да почекаме да ни потврдат од обвинителството, изјави Опетчески.

Опетческа зборуваше и за случајот со убиството на Никола Саздовски – Саздо.

-За разврска ќе треба да почекаме, денеска адвокатот на неговото семејство побара од судот да се одземат компјутерите на починатиот и на обвинетите за да може да се утврди дали постоела комуникација. Меѓутоа судечкиот совет го одби ваковото барање со образоложение дека во оваа фаза во која се наоѓа кривичната постапка предлагање на дополнителни докази не е дозволена, рече Опетческа.

Back To Top