skip to Main Content

Српскиот крал на синтетичките дроги осуден на една декада во македонски затвор

Српскиот крал на синтетичките дроги осуден на една декада во македонски затвор
  • 12.10.2018

Првостепена судска разрешница, но не целосна, доби случајот со најголемата лабораторија за производство на дроги во Југоисточна Еврпа. Во кривичниот суд вина признале петмина од седумтемина обвинети. Во судот двајца обвинети не признаа вина. За нив случајот во кривичен е во доказна постапка. Казна зад решетки добија двајца српски и тројца македонски државјани, испратени се во „Идризово“ по нивно барање, информираа од обвинителството. Сопственикот на лабораторијата која беше инсталирана во Тетово, Милан Зарубица „скопска единица“ го осуди на 11 години затворска казна, со кривичното дело неовластено производство и пуштање во промет на дроги.

„За С.К. девет години, а за обвинетите И.Ш и З.Д по седум години. На А.М. – обвинет за Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори и за Недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи судот му изрече единствена казна затвор во траење од четири години и за двете дела“, информираат од ОЈО.

Докторот по фармација Милан Зарубица е познат српски крал на синтетичките дроги. Првпат беше апсен во 2003 година со идентична висина на затворска казна. И имотот на неговата фармацевска фирма, бил запленет поради вмешаност. Српскиот доктор е познат и на меѓународните служби кои се борат против дрогата. Токму американската ДЕА им дојавила на српските служби за нелегалните лаборатории на кралот на синтетичката дрога.

Најголемата лабораторија на Балканот беше откриена лани во декември со помош на американската ДЕА. Деталите за истрагата тогаш ги откри српскиот министер за внатрешни работи Небојша Стефановиќ кој потенцираше дека полициите на двете земји постојано го следеле монтирањето на лабораторија, знаеле и каде требало дрогата да заврши. Според Стефановиќ, дрогата била наменета за борците на ИСИС, а до нив требало да стаса преку Труција. Српските медиуми пишуваа дека докторот Зарубица надградената формула на амфетамин ја усовршувал додека бил во затвор.

Лани обвинетите како меѓународна организирана криминална група во Македонија и во Србија незаконски купувале, чувале, пренесувале и посредувале за продажба и купување на дрогите. Дел од материјалите, ги сместиле во селото Батинци, другиот во инсталираната лабораторија во Тетово.

Полицијата заплени околу 1.100.000 таблети што содржат амфетамин. На црниот пазар тие се вределе повеќе од 2,5 милиони евра.

Игор Стефановски

Back To Top