skip to Main Content

Состојбите во ВМРО-ДПМНЕ пред вечерашниот Централен комитет – анализа во Студио 1

Состојбите во ВМРО-ДПМНЕ пред вечерашниот Централен комитет – анализа во Студио 1
  • 22.10.2018

Македонија влегува во разврска на најкомплицираната политичка криза во историјата на државата, до степен на прашањето дали ќе опстои или не, смета Ване Цветанов, претседател на „Зелена лупа“. Според него, најголем успех на премиерот Зоран Заев е тоа што во ОН ја запишал Македонија со тапија како држава, а не како територија ФИРОМ, без македонски народ и македонски јазик, додека истовремено, дел од ВМРО-ДПМНЕ имал за цел да го минира Договорот со Грција со крајна цел тие да се спасат, а да се уништи државата.

-Идејата на ВМРО-ДПМНЕ беше Македонија да се доведе до работ на бездната, во состојба каде што ќе се доведе во прашање иднината на државата и од аспект на безбедност и потенцијален расцеп затоа што неизбежен е фактот дека на пролет следи разврска на состојбите на северот од Македонија. Идејата беше Македонија да влезе во тој пакет на проблеми, за тие да седнат на маса со преговарачка позиција и да се испазарат за своите криминали, вели Цветанов, додавајќи дека ВМРО-ДПМНЕ на терен активно лобирале за бојкот.

Според него, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски имал голема шанса и на почетокот покажал волја за демократизирање на партијата, но само продолжил по старата политичка матрица, штитејќи ги интересите на поранешниот политички врв на партијата.

-Тој си ја стави на коцка својата политичка кариера, затоа што според мене лично, Христијан Мицкоски веќе е мртва политичка фигура и нема интегритет да се појави и пред членството на ВМРО-ДПМНЕ, дури и пред тие со испран мозок, затоа што не направи апсолутно ништо. Тој само продолжи тивко и мирно да владее во стилот на Емил Димитриев како премиер, послушно, вели Цветанов.

Тој вели дека идеолошките вредности на ВМРО-ДПМНЕ ги нарушиле екс премиерот Никола Груевски и поранешниот шеф на УБК Сашо Мијалков, затоа што кодексот на старото ВМРО бил чесност, патриотизам, работа за државата, со тешки казни за тие што крадат од буџетот на организацијата, а тие ги погазија тие принципи и почнале да газат се по 2008.

Back To Top