skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Јанева со полициска придружба замина за Гевгелија
Законски нејаснотии кој ќе управува со СЈО по приведувањето на Јанева
Судењето за „Монструм“ одложено за 5 септември
Се запали автубус на ЈСП во Ѓоче Петров
Косовското Собрание се самораспушти, се очекува датумот за избори
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV

Сопственикот и возачот на „Дурмо Турс“ да одат во домашен притвор, одлучи судија на претходна постапка – ОЈО се жали

Сопственикот и возачот на „Дурмо Турс“ да одат во домашен притвор, одлучи судија на претходна постапка – ОЈО се жали
  • 24.04.2019

Од затворски во домашен притвор одат првоосомничениот – сопственик на „Дурмо Турс“ Дурмиш Белули и шестоосомничениот – возач на автобусот. Одлука е донесена пред два дена од судија на претходна постапка во скопскиот кривичен суд. На решението, вчера жалба поднесе скопското обвинителство, до која дојде 1ТВ. Обвинителството аргументира на цели шест страници дека одлуката за поблаги мерки не може да ги носи судија на претходна постапка, откако судии од кривичен совет, како повисока инстанца, веќе решиле да биде продолжен 30 дневниот притвор. Обвинитеството ги појаснува надлежностите за притворите на судот – судија на претходна постапка во првите 30 дена, кривичниот совет може да носи одлуки за мерки за уште 60 дена, повискиот суд, пак најмногу до 90 дена. Во жалбата е наведено дека нема правна логика, тој што носи притворски решенија до 30 дена, да одлучува и за укинување и носење поблаги мерки. Оваа праска за Обвинителството е апсурдна ситуација.

„Ова значи драматично кршење на принципот на правна сигурност и извесност на органот кој во зависност од фазата на постапката во име на судот ги носи одлуките. Напоменувам дека законодавецот се определил за генеричен поим „судот“, кога говори за обврската во секое време да се преиспита мерката притвор по службена должност или предлог на странките во смисла на член 173 став 1 од ЗКП, а при тоа никаде во Законот не дава ексклузивитет тоа да го прави во текот на целата истрага судијата на претходна постапка“, наведува Основното јавно обвинителство Скопје во жалбата испратена до судот.

Од кривичниот суд велат дека судија на претходна постапка заради влошена здравствена состојба ги ублажил мерките од затворски во домашен притвор, а конечната одлука ќе ја има кривичен совет на скопска „единица“, до каде ОЈО се жали.

Истрагата на скопското обвинителство е за кобната сообраќајна несреќа на автопатот Скопје – Тетово, кога во февруари кај Ласкарци излета автобусот на „Дурмо Турс“. Од тешките повреди загинаа 16 патници. Обвноителството гони шестмина за тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот, а еден за несовесно работење.

Игор Стефановски

Back To Top