skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Обвинителството го стави под лупа бегството на Груевски
1ТВ ја презеде медиумската лидерска позиција
Европските Зелени го обвинуваат Орбан дека се обидува да предизвика конфликт
Заев: Груевски е кукавица, категорично ги отфрлам сите шпекулации за каков било политички договор со него
Груевски илегално влегол во Албанија, а со пасош излегол на границата со Црна Гора
Иванов одбива каква било инволвираност во врска со донесената судска одлука за Јанакиески
Заев-Борисов: Нашите две земји се пример за новата реалност на Балканот
1ТВ достапна на Тотал ТВ
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK

Сообраќајната полиција и блокадите на улицата пред Собранието – разговор во Студио 1

Сообраќајната полиција и блокадите на улицата пред Собранието – разговор во Студио 1
  • 08.11.2018

Секојдневните блокади на улиците на Скопје им го отежнуваат животот на граѓаните. Дел се поради големиот број возила на тесните улици и градежните работи, но најчесто се поради политичките протести пред државните институции. Тие во последните десетина дена се организираат токму во шпицот кога граѓаните се враќаат од работа дома, односно од 16 до 18 часот.

Како што јави во отвореното Студио 1 дописникот од терен Антонио Крстевски, денеска протести немаше, а сообраќајната полиција била навремено излезена на терен да го регулира сообраќајот. Демонстрантите кои протестираат против промената на името велат дека станува збор за граѓанска непослушност, бидејќи нивните зборови не допираат до институциите.

-Институциите не ги прифаќаат и не постапуваат по предметите што им се доставени од нас. Ги враќаат како неосновани. Бидејќи не можеме да го направиме тоа институционално, го правиме на улица. Блокадата е токму тоа, да се покаже дека во општеството и во државата не функционира ништо, вели Ана Бобинкова Мијаковска, организаторка на кампот „Бојкотирам“.

Началникот на сообраќајната полиција Дејан Трајковски вели дека сликата што ја остава метежот за главниот град не е толку лоша, но факт е дека сообраќајот е отежнат, поради што сообраќајните екипи деноноќно го регулираат на терен.

-Можеби на градот му треба алтернативен јавен превоз. Ако имаме пред вид дека градот има јавно сообраќајно претпријатие, приватен сектор и такси возила, кој верувам дека и граѓаните не доволно го користат, туку примарно средство е патничкото моторно возило. Ние сме во постојан контакт и соработка со Град Скопје и општините, споделуваме мислења, идеи и предлози во рамките на нашите овластувања, се работи на подобрување на сообраќајната инфраструктура и сугерираме градежните работи да се изведуваат според дадената сообраќајна согласност, односно предвидените рокови, вели Трајковски.

Целиот разговор погледнете го во видеото.

1tv.mk: Преземањето на авторски содржини обајавени на оваа страница е дозволено само делумно (маx. до 30 насто од содржината) и со ставање хиперлинк до содржината којашто се цитира. Непридржувањето до ова правило ќе значи крадење на информациите и соодветно ќе се санкционира од страна на BMJ Мedia Group, согласно позитивните законски норми.

Back To Top