skip to Main Content

Современо образование за современи работни места – разговор во Студио 1

Современо образование за современи работни места – разговор во Студио 1
  • 09.10.2018

Отвореното Студио 1 го почнуваме со разговор за една од најхуманите професии, за жал се помалку ценета, наставник. Гостинка на уредникот Александар Чомовски е Лидија Михајловска, наставничка од кумановското средно техничко училиште „Наце Буѓони“, добитник на престижната награда за просветен работник на годината.

Како што вели таа, комуницира со учениците на социјалните мрежи, но само со завршените, затоа што, како што вели, наставниците треба да се интересираат за нивните перспективи во животот.

-За жал, со години наназад, компаниите се жалеа дека им доаѓаат неквалитетни кадри, дека учениците недоволно знаат. Но вината не треба да ја бараме само во училиштата. Наставните програми и планови се тие што ги диктира Министерството за образование, ние само мораме да ги спроведуваме и реализираме. Условите во кои престојуваме се такви, со минимум нагледни средства, минимум машини потребни за практична настава. Се до пред минатата година немаше во наставната програма учениците задолжително да одат во фирми на практична настава. Од лани тоа е позитивна новина, објаснува Михајловска и додава дека токму новите современи машини се клучни за успешно образование и затоа, освен државата, помагаат и компаниите.

Целиот разговор можете да го погледнете во видеото.

Back To Top