skip to Main Content

(Видео) Собранието ја разреши Катица Јанева

(Видео) Собранието ја разреши Катица Јанева
  • 14.09.2019

Собранието на Република Северна Македонија ја разреши специјалната јавна обвинитеклка Катица Јанева со 102 гласа „за“ без воздржани и против. За оваа одлука гласаа „за“ и 27 припадници од заедниците кои не се мнозинство.

Разрешувањето на специјалната обвинителка беше е единствена точка на дневниот ред, а таа е разрешена само еден ден пред да ѝ истече мандатот, за несовесно, незаконско и нестручно работење.

Претседателот на Собранието Талат Џафери ќе го достави Извештајот за разрешувањето на Јанева до Советот на јавни обвинители кој исто така треба да констатира дека Јанева е сменета, на седница која веројатно ќе се одржи попладнево.

Back To Top