skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Германски печат: ЕУ земјите подготвени да ја прифатат само Северна Македонија
Расмусен: Земјите од ЕУ не можат да ѝ ја негираат на Македонија иднината што ја бара
Шекеринска: Земјава за една година направи скок од 23 места во однос на стабилноста
Новата амбасадорка на САД во земјава положи свечена заклетва
Сведок од УБК: До системот за прислушување се пристапуваше и надвор од МВР, од поранешниот Аеро клуб
Министерството за правда ги објави извештаите од надзорот во судовите за АКМИС системот
ОН: Светот до 2050 година ќе брои 9,7 милијарди луѓе
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV

Социјалистот Санчез премиер на Шпанија, десничарот Рахој заминува по корупциски скандал (Видео)

Социјалистот Санчез премиер на Шпанија, десничарот Рахој заминува по корупциски скандал (Видео)
  • 01.06.2018

Социјалистот Педро Санчез застана на чело на шпанската влада откако премиерот во заминување Маријано Рахој го изгуби гласањето на доверба во парламентот по долгото судење за корупција против членови на неговата десничарска влада. Со ова Санчез стана седмиот премиер на Шпанија од враќањето на демократијата и соборувањето на генерал Франко во 70-тите и прв изгласан по импичмент. Рахој го призна поразот и рече дека прв ќе му честита на Санчез.

-Ми беше голема чест да бидам претседател на шпанската влада и да оставам една подобра Шпанија од таа што ја најдов, изјави Рахој.

Санчез го доби гласањето на доверба со 180 гласа за, 169 против и 1 воздржан. Тој рече дека ќе се обиде да владее до предвидениот крај на претседателскиот мандат во 2020, но неизвесно е колку ќе издржи неговата администрација од само 84 социјалисти во 350-членото собрание.

Според аналитичарите, Санчез најверојатно нема да покрене избори додека не завршат европските, локалните и регионалните избори во март наредната година. Тој веќе се обврза дека ќе го почитува буџетот што го донесе владата на Рахој, а расцепканиот парламент значи дека тешко ќе ги спроведува структурните реформи усвоени од неговиот претходник, вклучувајќи ги новите закони за труд и кратењата во здравството и образованието.

Заминувањето на Рахој по 6 години на власт ја фрла во неизвесност шпанската економија која е трета во Еврозоната. Тој го изгуби гласањето на доверба поради корупциски скандали на неговата малцинска влада, но и поделбите што ги предизвика референдумот за независност на Каталонија, поради што ја изгуби поддршката на баскиските националисти. Санчез најави дека ќе почне дијалог со Каталонците, но нема да им дозволи референдум за независност.

Back To Top