skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Грчки воени авиони почнаа да прелетуваат на небото над Македонија за потребите на НАТО мисијата „Air Policing“
Заев: Ќе има политичка криза ако не добиеме датум за преговори
Бродот на мирот со порака за Договорот од Преспа пристигна на атинското пристаниште Пиреа
Китанов: Автопатот Миладиновци-Штип, според проектот, е готов
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV

Случајот „Фиком“ – тема на „Правда и неправда“

Случајот „Фиком“ – тема на „Правда и неправда“
  • 19.02.2019

Тема на вечерашната „Правда и неправда“ е случајот „Фиком“ – една од најголемите градежни измами во Македонија со продажба на станови. Беше откриена во 2006 година, а штетата беше проценета на околу 10 милиони евра. Стотина граѓани кои уплатија пари за станови беа измамени од брачниот пар Весна и Никола Николиќ, а некои станови беа продавани и на неколку лица.

По многу перипетии, судската битка заврши со тоа што измамниците добија високи судски казни. На Никола Николиќ му беа изречени 24 години и 2 месеци затвор за повеќе кривични дела, но тој, под чудни околности, во март 2015, на 42-годишна возраст, беше најден обесен во тоалетот на затворот во Штип. Неговата поранешна сопруга доби 12 години затвор и по многу перипетии и здравствени проблеми излезе на слобода.

Но проблемите на оштетените не завршија. И по повеќе од 12 години, останаа без ништо – ниту добија станови, ниту отштета. Студен туш дојде и пред еден месец, кога преку еден скопски извршител беше издаден налог за извршување на побарувањата на банката Еуростандард, која своевремено му дала кредит на ФИКОМ.

На оваа тема, уредничката Гордана Дувњак разговара со Лорија Ваневска, нотар во Куманово, поранешен адвокат и оштетена, како и со оштетениот Љупчо Караџов. Во телефонски разговор беше поканет и правниот застапник на Еуростандард, скопскиот адвокат Славчо Секуловски, но по консултации со одговорните од банката, одговори дека „процениле дека во овој момент не е упатно да се појават во јавноста.

-ФИКОМ важеше за сериозен и солиден градител. Имаше направено неколку згради во Кисела Вода. Квалитетна градба, цени пристојни. Сѐ повеќе и повеќе граѓани доаѓаа да уплатат станови. Кога почна градбата немаше никаква можност да се провери дали е документацијата во ред освен да прашате во општината дали за зградата има одобрение за градење и дали се платени комуналиите. Не ни можевме да имаме сознание дека некои станови се повеќекратно уплатени. Општината тоа време издаде и бела листа на градители, во времето кога почнуваа да се одмотуваат клопчињата на градежните афери. ФИКОМ беше на врвот на белата листа, објаснува Ваневска.

-Нашиот мотив да купиме кај ФИКОМ беше тоа што фирмата имаше изградено на повеќе локации во градот. Во февруари 2004 со сопругата одлучивме да погледаме што има на располагање. На 24 февруари веќе имавме направено договор со нив, со здружување на средства. Цената беше околу 750 евра, што е сосема нормално и немаше никакви индиции дека би можело да значи катастрофа, вели Караџов и додава дека не е вистина дека цените биле прениски.

Целиот разговор можете да го погледнете во видеото.

1tv.mk: Преземањето на авторски содржини обајавени на оваа страница е дозволено само делумно (маx. до 30 насто од содржината) и со ставање хиперлинк до содржината којашто се цитира. Непридржувањето до ова правило ќе значи крадење на информациите и соодветно ќе се санкционира од страна на BMJ Мedia Group, согласно позитивните законски норми.

Back To Top