skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Јанева ќе сведочи пред Русковска во 10 часот во вторник
Јанева негира дека дала наредба за претрес на обвинителите
Обвинителот Рустеми сведочи во ОЈО
Стефанова за комуникацијата меѓу Јанева и Камчев: Не сум експерт за криминал
Скопје и Софија ја интензивираат соработката во одбраната
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV

Случајот „Икс против Македонија“ – тема во Централниот дневник на 1ТВ

Случајот „Икс против Македонија“ – тема во Централниот дневник на 1ТВ
  • 17.01.2019

Во Централниот дневник на 1ТВ, преку линковски јавувања, новинарот Христијан Баневски известуваше за посетата на рускиот претседател Владимир Путин, а Христина Атовска од Атина ја пренесе атмосферата во Грција, по изгласувањето доверба на премиерот Ципрас и пред гласањето во грчкиот парламент за Договорот од Преспа.

-Посетата заврши пред храмот на Св. Сава, присутни беа илјадници граѓани кои пристигнаа организирано со автобуси во Белград за да го видат Путин. Освен нив, пред храмот го чекаа и низа министри и други истакнати личности од српското општество, меѓу кои и синот на Вучиќ, но и фолк ѕвездата Светлана Ражњатовиќ – Цеца, раскажува Баневски.

Освен средбата на претседателите, од големо значење беше и средбата на делегациите на двете земји, кои потпишаа 21 меморандум за соработка во различни ресори.

Од Атина, Кристина Атовска, која разговараше со повеќе грчки експерти и граѓани, потсетува дека гласањето на доверба на Владата го покренал самиот Ципрас, за да ја стабилизира пред клучното гласање на Преспанскиот Договор.

– Сметаме дека проблемот со Северна Македонија треба да се реши сега. Крајно време е, требаше да го решиме уште пред многу години, но на власт во двете земји имавме многу екстремни луѓе. Груевски беше многу екстремен, а во еден период и ние го имавме Самарас, кој исто така беше многу екстремен по ова прашање, па не можевме да го решиме. Веруваме дека цел Западен Балкан треба да стане дел од ЕУ и НАТО, затоа што тоа е добро и за Грција и за целиот регион. Веруваме дека треба да се обединиме, треба да соработуваме, а тоа ќе биде добро за нашите економии, надворешната политика и за нашите два народа. Потами верува во истото и за Кипар, дека дојде време Анастасијадес и Акинџи, лидерите на грчките и на турските Кипарци, да го решат и долгогодишниот спор на Кипар. Кога ќе го решат прашањето, народот само ќе добие од тоа, изјави за екипата на 1ТВ советничката за односи со јавноста на Потами, Один Линардатоу.

Новинарката Искра Опетчевска, пак, на линк разговараше со адвокатката Наташа Бошкова, која пред судот во Стразбур ја застапуваше личноста „Икс“ која го доби спорот против Македонија за дискриминација на трансродово лице.

-Она што го разликува случајот „Икс против Македонија“ од двата случаи на кои во 2017 им беше дозволено правно признавање на родот е тоа што двете транс жени имаа поминато целосна медицинска процедура за потврда на родот, што не е случај кај лицето „Икс“. За да се разбере подобро пресудата, всушност станува збор за лице во ист процес на транзиција на кое му беше дозволена промена на податоците уште во 2011, кога почна и „Икс против Македонија“ да ја води постапката. Затоа и ЕСЧП аргументира дека е потребна јасна законска рамка која ќе ги одреди правилата на процедурата и постапката да биде брза и транспарентна, а во Македонија недостасува закон со кој ќе се регулира ова прашање, објаснува Бошкова.

Back To Top