skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Груевски останува во Будимпешта
Шекеринска во Брисел: Билатерални средби со министри за одбрана на НАТО земји
Ексклузивно интервју со Бојан Јовановски – петок 21:00 во Отворено Студио 1
Презентација на втор мониторинг извештај за работата на Државното правобранителство- „Заедно во борба против корупција“
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV

Слободан Нинковиќ: Се радувам што ме покани Тијана, чест ми е да гостувам во нејзината емисија (ВИДЕО)

Слободан Нинковиќ: Се радувам што ме покани Тијана, чест ми е да гостувам во нејзината емисија (ВИДЕО)
  • 22.06.2018

Великанот на српското глумиште и човекот зад кој стојат над две илјади улоги за театарската, филмската и телевизиската публика. Актерот кој има македонско потекло, роден е во Смедерево, а растен во Белград. Слободан Бода Нинковиќ утре гостин во „Вечер со Тијана“ во 20 часот на 1ТВ. На новинарско прашање како се покажа Тијана како домаќинка го добивме овој одговор – „Фантастична. Се познаваме ние подолго време, јас многу се радувам што веднаш прифатив кога ме покани, имавме мал проблем околу терминот но се потрудив се да вклопам и мислам дека излезе супер, одлично“, раскажа Нинковиќ.

Тетарот е тој што ги споил како пријатели со Тијана, а музиката е таа која ја продолжила пријателската нишка.
„Тијана ја познавам повеќе од 15 години. Па јас бев водител на „Беовизија“ кога пееше Тијана, но се знаеме и пред тоа, значи 2004 –та, што значи 14 – 15 години сигурно“, вели Нинковиќ.

Знаат да испијат едно кафе на Кнез Михајлова, да поразговараат за театарот но и да си поделат комплименти.
„Кога ќе се сретнеме, секако да. Бидејќи кога си на работа ограничен си, но кога ќе се сретнеме секако. Јас ја гледав на нејзината актерска премиера и мислам дека Тијана ги има сите елементи да се занимава со оваа работа со која јас се занимавам“, вели Нинковиќ.

Тијана како водител, пејач или актер, Нинковиќ на ова вели бидејќитаа е личност со позитивна енергија и бидејќи е опуштена, тоа околу пеењето нема да го коментирам, тоа е општо позната работа. А овде токму тие квалитети доаѓаат до израз и немала воопшто проблем со тоа.

Тој вели, секоја година скоро поминувам низ Скопје, Македонија скоро два пати во годината. Тука игравме претстава, мислам пред 10 години, или осум до 10 години не можам да бидам прецизен. Вчеравечер се прошетав, убавина“, раскажа Нинковиќ.

„Вечер со Тијана“ нема да биде негово последно гостување во Скопје, тој најави и гостување заедно со неговиот театар наскоро. Оваа сабота уживајте во неповторливиот актер кој го носи епитетот на суперхерој и човекот кој има одиграно над 30 премиери и претстави . Не пропуштајте да слушнете како звучи „Македонско девојче“  во дует на Слободан Нинковиќ и Тијана Дапчевиќ во 20 часот на 1ТВ во „Вечер со Тијана“.

 

 

 

 

 

 

 

Back To Top